Талентиран артист за тетоважи добива втора шанса за својата работа со протеза за рака

Талентиран артист за тетоважи добива втора шанса за својата работа со протеза за рака

Многу луѓе во светот имаат тетоважи и секоја од нив има посебно значење во нивниот живот. Но малку тетоважи се толку посебни како оние создадени од Џеј Си Шејтан Тенет. Зошто? Затоа што неговите уметнички цртежи се изработени со протеза за рака.

Талентиран артист за тетоважи добива втора шанса за својата работа со протеза за ракаТалентиран артист за тетоважи добива втора шанса за својата работа со протеза за рака арт

Тенет живее и работи во Лион, Франција и ја изгубил својата рака пред 22 години. Ја добил оваа единствена протеза за рака благодарение на артистот Џеј Ел Гонзал, кој направил неколку клучни и смели модификации: Направил протезата да се акомодира на машината за тетовирање. Така, Тенет можел да продолжи да ги тетовира своите муштерии.

Талентиран артист за тетоважи добива втора шанса за својата работа со протеза за ракаТалентиран артист за тетоважи добива втора шанса за својата работа со протеза за рака

Тој е многу благодарен што добил втора шанса да го прави она што го сака во животот и вели дека веќе одамна гледа поинаку на работите. Губењето на раката било и потресно, но и поучно искуство за него кое го натерало никогаш да не губи надеж и да не се откажува. Погледнете како работи оваа прва рачна протеза со вградена машина за тетовирање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар