Такси служба во Чеченија во која работат само жени
Жените во Чеченија добија такси служба ексклузивно за нив, чии возила ќе бидат управувани само од жени.
„Започнавме со 5 автомобили, а како што ќе се зголемува барањето, ќе се зголемува и нивниот број. Операторите нема да прифаќаат мажи возачи“, изјавила водителката на службата, Мадина Цакаева.
Такси службата е наречена Мехкари, што во превод значи девојки. Според зборовите на луѓето кои го започнале проектот, потребата за посебна транспорт услуга за жените е поврзана со верски причини, кои не им дозволуваат на жените да се возат со непознати.
„Познато е дека за многу семејство ова беше проблем. Сигурна сум дека нашата услуга ќе биде погодна и брана помеѓу жените“, додала Мадина.
За попрактична работа, за корисниците била направена и апликација која е достапна на популарните платформи. Автомобилите што се користат се бели Hyndai Solaris со виолетов знак, со чија помош возилата се разликуваат од „машките“ таксиња.
Новата такси услуга, овен превоз, нуди и други услуги како носење на козметичарки во домот. Според Мадина, жените возачи поминале низ строга проверка, а главни услови за вработување биле искуство во возење и отпорност на стрес.
„Многу жени сакаа да станат наши возачи. Имаше упорни јавувачи, па дури се јавуваа и мажи кои нудеа да ги вработиме нивните жени.“
Проектот за женско такси во Чеченија бил одобрен и од Арапскиот инвестициски фонд именуван по шеикот Заид, кој дал и заем. Во порака на фондот стои дека женското такси е навистина погодно за религиските норми и традиции за превоз на жена.