Така говореше Тесла: 7 мудрости од големиот гениј

Така говореше Тесла: 7 мудрости од големиот гениј

Зарем можеме да кажеме нешто што досега не сте го чуле за најгенијалниот човек кој некогаш чекорел по оваа планета, скромниот и ексцентричен научник Никола Тесла? Тој целиот свој живот го посветил на науката, откажувајќи се од скоро сите световни задоволства, со цел да го насочи сето свое знаење кон научните епохални откритија. По смртта, Тесла зад себе оставил преку 700 патенти, дел добро познати за човештвото, а дел засекогаш изгубени низ неговите списи и забелешки кои мистериозно исчезнале по проверката на апартманот во кој што живеел.

Така говореше Тесла: 7 мудрости на големиот гениј

Покрај брилијантниот ум за физика, тој ги набљудувал и согледал општествените околности и (не)прилики, а на своите откритија гледал како на нешта кои треба да му помогнат на човештвото. Ви ги пренесуваме неговите најмоќни 7 мудрости кои можат да бидат ваши водичи низ животот.

„Сите свои пари ги вложував во експерименти со чија помош доаѓав до нови откритија и на тој начин го олеснував животот на човештвото.“

„Напредокот на човештвото во својата суштина зависи од човековите научни остварувања и пронајдоци. Тие го претставуваат најзначајниот плод на неговиот творечки ум. Крајната цел е потполна превласт на умот над физичкиот свет, користејќи ги силите на природата во служба на човекот. Тоа е суштината на тешката задача која ја има еден научник, кого светот најчесто не го разбира и не му го оддава заслуженото признание.“

„Без надежта не постои задоволство во науката и сè додека човекот нема идеали, не може да биде среќен.“

„Во денешно време постојат многу луѓе, песимисти, кои со загрижен израз на лицето, на уво ќе ви шепотат како народите потајно се вооружуваат и се подготвуваат за денот кога ќе се нафрлат едни на други и ќе се уништат. Луѓето кои говорат за овој немир не знаат за силите кои постојано работат, во тишина, но неуморно, сили кои зборуваат за мир…“

Напорите на секој научник првенствено се насочени кон спасување животи. Тоа се луѓе кои се водени напред, мотивирани од длабоката љубов кон она што го учат, луѓе кои прават чуда, секој во своето поле на работа, чиј главен стремеж и задоволство е собирање и ширење знаења. Луѓето кои гледаат далеку зад световните нешта, луѓе кои целат кон возвишеност.“

„Секој треба своето тело да го гледа како драгоцен подарок од оној кој го сака најмногу на светот, како чудесно уметничко дело со неопислива убавина и големина која оди преку човечкото разбирање; истовремено толку чувствително и кршливо што еден збор, еден здив, па дури и една мисла можат да го повредат.“

„Кога зборуваме за човекот мислиме на целото човештво. Иако сме слободни сами да размислуваме и дејствуваме, ние сме поврзани со нераскинливи врски, исто како ѕвездите на небото. Ние тие врски не ги гледаме, но ги чувствуваме. Ќе го повредам прстот и тоа ме боли, тој прст е дел од мене. Ќе го видам повреден мојот непријател, човекот за кого се грижам најмалку на светот, но тоа сепак ќе ме растажи. Зарем тоа не покажува дека секој од нас е само еден дел од целината?“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар