Тајните зад 9 магионичарски трикови што ќе ги импресионираат и најголемите скептици
Неверојатниот свет на магијата ги привлекува и децата и возрасните. Кога сте биле мали сигурно сте биле вљубени во магичните трикови, зарем не? Можеби ние старееме, но добрите магични трикови и илузии остануваат исти. Можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека вештите раце, деталната подготовка и многу вежбање се сè што му е потребно на еден магионичар. Задоволете ја вашата детска љубопитност, и откријте што се крие зад некои од најпознатите магични трикови.
1. Чаша без дно
Овој трик вклучува 4 транспарентни чаши. Секоја од нив е дупло поголема од претходната. Најмалата е полна со млеко. Магионичарот потоа го претура млекото во наредната чаша, и чашата е целосно полна. Потоа го претура млекото во наредната, но и таа чаша е целосно полна и изгледа како млекото да го зголемува својот волумен.
Како функционира?
Во чашите има пластичен цилиндер кој остава доволно простор за млекото. Па млекото не го зголемува својот волумен, туку исполнува посебно направен простор.
2. Прегазување со камион
Магионичарот, или убавата асистентка легнува на земјата и чека врз неа да помине голем камион. Камионот навистина поминува врз неа, но на некој начин таа не е повредена.
Како функционира?
Кога го прават овој трик, магионичарите целосно им се препуштаат на законите на физиката. Во камионот има поставено тегови кои ја менуваат рамнотежата на камионот, па тркалата се полесни од едната страна и само го допираат магионичарот без да го повредат.
3. Светилка без електрична енергија
Обична светилка која не е приклучена во струја светнува во раката на магионичарот. Како е ова можно?
Како функционира?
Всушност, светлината доаѓа од мала ЛЕД сијалица скриена во дланката на магионичарот. Тој може да ја вклучи кога сака. Однапред изгледа како да свети големата светилка со помош на некаква магија.
4. Поделен човек
Магионичарот изгледа како да е пресечен на половина додека ги држи своите нозе.
Како функционира?
Ова е само оптичка илузија. Ако погледнете внимателно, можеби ќе забележите дека тој држи пар вештачки нозе. Сè што треба да направи е да застане во правилна положба, да носи поширока облека и да ги скрие сите тајни.
5. Поврзани прстени
Магионичарот го започнува трикот со тоа што покажува дека 3-те прстени се цврсти. Потоа на магичен начин ги поврзува и ги разделува.
Како функционира?
На прстените има многу мали пукнатини кои магионичарот ги крие со своите дланки. Иако изгледа како прстените да се поврзани, тие се разделени пред неколку секунди.
Продолжува на следната страница…