Тајните на Зелениот остров: Невообичаено село полно со морски пештери

Тајните на Зелениот Остров: Невообичаено село полно со морски пештери

Ла Палма е петти по големина остров на Канарските Острови и најдалеку од африканското копно. Со околу 40 проценти зеленило, тој е наjзелениот остров и затоа е наречен и Исла Верде (Зелен остров) или Исла Бонита (Прекрасен Остров). Бидејќи е малку покомплицирано да се стигне до Ла Палма, тој е поштеден од масовен туризам.

Тајните на Зелениот остров: Невообичаено село полно со морски пештери

Планините и вулканите на Ла Палма нудат многу убави тури за пешачење, а самото доаѓањето и погледот кон пејзажите го буди адреналинот. Ако немате на располагање автомобил или мотор, добро е да знаете дека автобусите обично одат на секој час или два. Бидејќи повеќето автобуски линии одат преку Санта Круз и Лос Лоанос, овие градови се добра основа за истражување на Ла Палма. Добро уживање за оние кои сакаат да откриваат скриени места кои сè уште не биле откриени, секако е Проес де Канделарија – мал залив преполн со морски пештери, кои локалните жители ги граделе за куќи. Некогаш било мало село, кое сега е напуштено, но куќите сè уште се во добра состојба. Некои куќи се користат како колиби, други служат како складиште. Скоро нема историски документи за малото село, но се споменува уште во 1588 година, како мало пристаниште кога на островот немало планински патишта.

Постојат многу легенди за Прос де Канделарија, бидејќи не е познато зошто жителите решиле да градат куќи на толку далечно место. Прилично високите бранови и силните струи што го оневозможуваат пловењето во бурно време, секако не беа плус. Некои веруваа дека селото всушност било дом на пирати или шверцери, па затоа често се нарекува Пиратски Залив.

За да стигнете до Проис де Канделарија, треба да ја следите улицата Каље де Молина од Тијарафе по асфалтен, стрмен и виткан пат. Таму вреди да се посети и Куева де Ла Вирген – пештерна капела во која се наоѓа скулптура што ја оставиле морнарите на ова место откако брановите и ветровите не им дозволиле да пловат.

Тајните на Зелениот остров: Невообичаено село полно со морски пештери

Тајните на Зелениот остров: Невообичаено село полно со морски пештери

Тајните на Зелениот остров: Невообичаено село полно со морски пештери

Тајните на Зелениот остров: Невообичаено село полно со морски пештери

Прочитајте и за овој хотел со поглед кон италијанското село Позитано каде што ќе сакате да го пиете првото утринско кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар