Тајните на славните за совршено тело

Тајните на славните за совршено тело

Ако некогаш сте се прашувале што прават познатите за да ги одржат своите тела во совршена форма, тука можете да ги најдете одговорите кои тие ги споделиле со публиката. Следете ги и со напорна работа можете да ги постигнете истите резултати.

1. Бруклин Декер

1-Tajni-na-slavnite-za-sovrsheno-telo-kafepauza.mk

Нејзе не ѝ е потребно домашно вежбање или фитнес.

„Јас врескам на три песни од Тајлор Свифт најгласно што можам и почнувам да трчам наоколу и да правам некои чудни потези со задникот. Понекогаш ги гледам спотовите на големите изведувачи како што е Бијонсе и се обидувам да ги следам нивните кореографии. Да, можеби изгледам смешно, но играњето ја подига енергијата многу подобро отколку вежбањето на справи.“

2. Ешли Грин

2-tajnite-na-slavnite-za-sovrsheno-telo-kafepauza.mk

Ги одржува својата линија совршена и умот смирен со пилатес и трчање по 4-8 км, три до пет дена во неделата. Ефективноста на трчањето ја зголемува со музиката на Бијонсе, Лејди Гага, Парамор и Лил Вејн.

„Ги ставате слушалките на уши и се исклучувате во својот внатрешен свет. Тоа е како да имате тренер кој ви зборува на уво. Ако трчате на отворено и имате прекрасна глетка, го имате и чувството да се биде слободен. “

3. Џулијан Хоу

3-Tajni-na-slavnite-za-sovrsheno-telo-kafepauza.mk

Кога е Џулијан на турнеја или далеку од дома – што се случува често, прави комбинација од вежби, понекогаш вежба со тренер, а понекогаш со дивидија.

„Ова е смешно или можеби нарцисоидно, но еден ден ги пуштив моите дивидија со фитнес вежби, a момците се обидуваа да вртат со колковите. Беше толку смешно.“

4. Кристен Бел

4-tajnite-na-slavnite-za-sovrsheno-telo-kafepauza.mk

Копнее по совршен задник.

„Нешто што најмногу сакам е да имам цврст и затегнат задник.“

Таа често вежба балетски вежби па за тоа вели:

„Вежбите се точно наменети за точките на кои секоја жена треба да внимава. Задник, бутови, стомачни, задник, бутови, стомачни.“

5. Коби Смолдерс

5-tajnite-na-slavnite-za-sovrsheno-telo-kafepauza.mk

Ако би можела да бидам фит како што е Мадона сега, тоа би било одлично“ – вели ѕвездата на „Како ја запознав мајка ви“. „За мене е многу поважно да бидеш здрав, отколку како изгледаш. Одам на пилатес затоа што ми е важно да бидам здрава и кога ќе имам 70 години, а не да имам болки и грчеви. Тоа е за мене поважно отколку да бидам слаба.“

6. Кејт Бекинсејл

Се интересира за вежбање јога на почетно ниво.

„Практично сум опседната со тоа да ме фотографираат надвор од салата, додека јас вежбам со мојата медицинска топка“ – се шегува таа.

Таа ја задржува својата линија со чи кунг, дисциплина која се базира на контролата на дишење и е слична на таи чи.

7. Мариса Милер

7-tajnite-na-slavnite-za-sovrsheno-telo-kafepauza.mk

Даските за сурфање се оружјето со кое Мариса Милер го одржува своето тело во совршена форма. Педлбордингот станува сè популарен воден спорт. Се состои од стоење на даската и придвижување низ водата со помош на прачка и така се согоруваат телесните масти.

„Движејќи се наоколу, не го чувствувате напорот кој го вложувате. Па можете да ја прилагодувате вежбата и темпото на движење.“

8. Рејчел Билсон

8-tajnite-na-slavnite-za-sovrsheno-telo-kafepauza.mk

Овие облини се добиени благодарение на комбинацијата на гените и активниот начин на живот. Нејзина омилена форма на вежба е танцувањето. Неодамна повторно инвестирала во опрема за тенис (играла уште како дете). Во деновите кога не е расположена да излезе од домот вежба јога.

„Не сум тип кој посетува теретана. Јогата е одличен начин да се релаксирате и да го обликувате телото. Треба да уживате во храната и во животот. Здравјето ја стимулира среќата.“

9. Зои Салдана

9-Tajni-na-slavnite-za-sovrsheno-telo-kafepauza.mk

Како и повеќето од нас Зои сака да биде во топ форма, но не и да претерува со мускулната маса. Таа ги вежба бицепсите и трицепсите со тегови од по 2 кг, кои потоа ги заменува со шипка со по 8 кг на двете страни.

„Добриот кардио тренинг е важен за добриот баланс на телото.“

10. Елизабет Бенкс

10-tajnite-na-slavnite-za-sovrsheno-telo-kafepauza.mk

Елизабет својата опрема за вежбање ја носи секаде.

„Го практикувам системот наречен TRX. Тоа е во основа обично јаже кое можете да го замотате околу што било, каде било и потоа да ја користите сопствената телесна маса како отпор. Поставивме едно во нашата домашна теретана, но можете да го заврзете и за дрво. Многу е лесно да се патува со него.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар