Тајни тетоважи: 7 дискретни места на кои можете да се истетовирате
4. Внатрешната страна на прстот
Малите тетоважи на внатрешната страна на прстот се многу модерни во последно време. Овие тетоважи се едноставни и минијатурни, така што ако сте љубители на минимализмот, тие се совршени за вас. Не заборавајте само дека тетоважите на дланките и прстите бараат постојана заштита од сонце и многу грижа за да не избледат брзо.
5. Под гради
Тетовирањето под градите може да биде болно и непријатно, така што доколку се решите за тетоважа на ова место, одберете тату артист кому му верувате. Нема да можете да носите градник додека не заздрави тетоважата, но потоа ќе имате прекрасна, уникатна и дискретна тетоважа што ќе биде вистински одраз на вашата оригиналност.
6. На стапала
Она што треба да го знаете е дека тетовирањето на стапалата е многу болно. Генерално, тетоважите на деловите од телото со помалку маснотии се поболни. Стапалата се речиси целите од коски, така што можете да замислите за каква болка станува збор. Сепак, доколку сакате да ја скриете тетоважата, стапалата се добра одлука, но во зависност од тоа какви обувки носите.
7. На задната страна од вратот
Тетоважите на задната страна од вратот се навистина неодоливи. Но, ако сакате ја криете тетоважата, ќе мора да внимавате на вашата фризура. Доколку немате проблем со тоа да имате долга коса што секогаш ќе ја носите пуштена на работа, тогаш тетоважите на ова место од телото се совршени за вас.
Доколку сѐ уште не можете да одлучите како да се истетовирате, овие прекрасни минималистички тетоважи можеби ќе ви дадат идеја.