Тајни од авиокомпаниите: Кога се најевтини билетите, зошто се исклучува телефонот за време на летот...

Тајни од авиокомпаниите: Кога се најевтини билетите, зошто се исклучува телефонот за време на летот…

Секоја професија има свои тајни. Тоа е случајот и со професијата поврзана со одржување и летање на авиони. Па, ако сакате да дознаете нешто повеќе за тајните што ги кријат авиокомпаниите, продолжете со читање…

Тајните што ги кријат сите авиокомпании

Дефектите не се поправаат веднаш

Се разбира, немојте да помислите дека авионот би полетал доколку е загрозена сигурноста на патниците. Факт е дека пред секој лет детално се проверуваат многу работи, а доколку постојат помали проблеми што не влијаат на сигурноста, тие се поправаат при слетувањето и на тој начин не се губи време со одложување на летовите.

Пилотот и копилотот јадат различна храна

Пред летање, пилотот и копилотот никогаш не ја јадат истата храна. Причината за тоа е повеќе од очигледна – можноста за труење од храна. Така, ако пилотот покаже симптоми на труење, важно е копилотот да остане потполно здрав. Сепак, ова не го практикуваат сите авионски компании.

Вистинската причина зад забраната за пушење

Многу е често мислењето дека забраната за пушење за време на летот е поврзана со сигурносни прашања, но тоа не е точно. Порано во авионите патниците слободно пушеле цигари без тоа да предизвика какви било сигурносни проблеми. Вистинската причина лежи во економичноста, бидејќи воздухот во авионот се филтрира, а чадот од цигарата брзо ги троши филтрите и останатата опрема.

Исклучување на телефонот

Не, доколку го оставите телефонот вклучен, нема да предизвикате тешка несреќа, ниту пак ќе бидете виновник за рушењето на авионот. Сепак, тој може да предизвика мешање и пречки во приемот на сигналот и во тој случај пилотите да останат без важна информација од диспечерите.

Вработените и нивните семејства ги плаќаат билетите поевтино

Да, многу авиокомпании им овозможуваат на вработените (и членовите на нивните семејства) билети со значително пониски цени, а понекогаш дури и бесплатни.

Идеалното време за купување билет

Постои верување дека доколку многу порано го купите билетот, ќе биде со значително пониска цена, но тоа не е сосема точно. Најевтини билети може да се најдат во вторник, среда и сабота, кога има понуди по поволна цена.

Бидете љубезни кон персоналот

Стјуардесите и стјуардите признаваат дека повеќе се трудат околу покултурните патници. Со други зборови, ако на фин начин им објасните зошто не можете да седите до вашиот сопатник, веројатно ќе најдат ново седиште за вас. Од друга страна пак, доколку тоа го побарате на хистеричен и безобразен начин, ќе си останете токму таму каде што сте.

Катанецот нема да ви го заштити куферот

Доколку сте го заклучиле куферот со дополнителен катанец, треба да знаете дека тоа нема премногу да ви помогне. Имено, иако тој вид механизам може да се отвори со одредени направи, често може да се отвори и само со пенкало, така што со овој начин на заклучување можете само непотребно да го оштетите куферот.

Се плашите од летање? Прочитајте ги и нашите совети за како да го надминете стравот од летање со авион


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар