Тајната зад 8 познати магионичарски трикови
Дали знаевте дека поголемиот дел од магионичарите се скептици и не веруваат во натприродни нешта? И покрај ова, нивните трикови секојдневно ги фасцинираат луѓето. Во продолжение погледнете некои од најпознатите трикови, како и тајната која се крие зад нив. Навистина е неверојатно.
1. Претворање на една личност во друга
Магионичарот седи во торба, а неговата асистентка ја врзува. Потоа магионичарот го ставаат во ковчег кој го заклучуваат. Асистентката застанува на ковчегот, ја крева наметката, а потоа ја спушта и се појавува магионичарот. Магионичарот го отклучува ковчегот, а внатре се наоѓа асистентката, најчесто дури и во различен костим.
Тајната е во тоа што има излез од торбата на магионичарот. Најчесто тоа е патент кој лесно се отвора однатре. Асистентката стои на работ на ковчегот, но неговиот капак се отвора лесно. Кога наметката е крената, магионичарот излегува од торбата, ја фаќа наметката, а асистентката влегува во ковчегот. Колку побрзо можат да работат, толку поневеројатен е перформансот.
2. Фрлање ножеви
На прв поглед, овој трик е навистина опасен. Но, личноста која стои на метата секогаш е безбедна. Магионичарот не ги фрла ножевите, туку ги крие во таен џеб со неверојатна брзина. Ножевите кои се појавуваат на метата ги поставува друга личност. Целиот трик е многу брзо и одлично координиран, па публиката не забележува ништо.
3. Истегнување
Асистентката е поставена во голема кутија од којашто се гледаат само нејзините глава, раце и нозе. Магионичарот ги мрда деловите од телото на асистентката на навидум невозможни начини. Всушност, кога магионичарот ја отвора вратата од кутијата за да покаже дека е празна, внатре има уште две асистентки кои се кријат. Тие се во кутијата и ги поставуваат дланките и нозете на одредените места. Девојката чија глава се гледа стои на стол или лежи.
4. Претворање вода во мраз
Магионичарот става вода во чаша. Но, потоа од чашата излегува парче мраз наместо вода. Се разбира, овде нема никакво прекршување на законите на физиката. Всушност, во чашата има сунѓер кој ја впива водата. Овој трик лесно можете да го направите и дома.
Продолжува на следната страница…