Тајната на среќата: 20 мисли за поубав ден, поисполнет живот и повеќе радости и насмевки

Тајната на среќата: 20 мисли за поубав ден, поисполнет живот и повеќе радости и насмевки

Автор: Маја Линкова

Среќата е важен дел од нашиот живот. Таа нè води низ животниот пат, ги надополнува нашите поминати моменти и ги овековечува. Големината на нашата среќа зависи од нас, од тоа како ние ја градиме и достигнуваме. Среќата можеби се потпира врз нашите соништа, но не се постигнува спиејќи. Искористете го секој момент за да го зачините вашиот живот со радости и насмевки. Вашата среќа дупло ќе се зголеми, доколку и туѓите срца ги исполните со среќа. Радувајте му се на секој нов ден!

tajnata-na-srekjata-20-misli-za-poubav-den-poispolnet-zhivot-i-povekje-radosti-i-nasmevki-kafepauza.mk

„Држи ја среќата како птица, што понежно и полесно. Ако се чувствува слободна, со задоволство ќе ти остане во раката.“ – Фридрих Хабел

„Јадицата секогаш нека ви биде фрлена. На местото каде што најмалку очекувате, ќе има риба.“ – Овидие

„Внимавај на себе, да не бидеш згмечен под нечие туѓо тркало на среќата.“ – Станислав Јержи Лец

„Што е среќата? Да се знае што се сака и тоа страсно да се посакува!“ – Фелисиен Марсеан

„Вистинската тајна на среќата е во тоа, многу да бараме од себеси, а многу малку од другите.“ – Алберт Гордон

„Надежта е сама по себе еден вид среќа и можеби најголемата среќа што може да ни ја донесе овој свет.“ – Семјуел Џонсон

„Среќата им припаѓа на оние кои самите себеси си се доволни, бидејќи надворешните извори на среќата и на уживањето по својата природа се несигурни, неизвесни, минливи и зависат од случајот.“ – Шопенхауер

„Не зборувајте му за својата среќа на човек кој е помалку среќен од вас.“ – Питагора

„Со секоја минута помината во лутина губите 60 секунди среќа“ – Ралф Валдо Емерсон

„Луѓето се обично среќни онолку колку што ќе одлучат да бидат.“ – Абрахам Линколн

2-tajnata-na-srekjata-20-misli-za-poubav-den-poispolnet-zhivot-i-povekje-radosti-i-nasmevki-kafepauza.mk

„Велат дека на човек му требаат три нешта за да биде вистински среќен во овој свет: некого да сака, нешто да прави и нешто за што ќе се надева.“ – Том Бодет

„Ниедна медицина не може да го излечи она што не може ни среќата.“ – Габриел Гарсија Маркез

„Не можеш да бидеш среќен ако понекогаш не си и несреќен.“ – Лорен Оливер

„До среќата не може да се допатува, таа не може да се поседува, спечали, износи или потроши. Среќата е духовно чувство на живеење секоја минута со љубов, милост и благодарност.“ – Денис Вејтли

„Биди среќен за овој момент. Овој момент е твојот живот.“ – Омар Хајам

„Биди среќен со она што го имаш и она што си, биди дарежлив со двете и нема да треба трагаш по среќа.“ – Вилијам Гледстоун

„Не е важно колку имаме, туку колку уживаме, тоа е среќа.“ – Чарлс Сперџен

„Има само еден пат до среќата, а тоа е да престанеме да се грижиме за работите кои се надвор од моќта на нашата волја.“ – Епиктет

„Не чекај другите луѓе да те направат среќен. Секоја среќа што ја добиваш мора самиот да си ја создадеш.“ – Алис Вокер

„Среќата често се протнува низ врата која не знаеш дека си ја оставил отворена.“ – Џон Баримор


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар