Таа ѝ кажала на својата баба дека сопругот ја изневерил и добила сосема неочекуван одговор

Таа ѝ кажала на својата баба дека сопругот ја изневерил и добила сосема неочекуван одговор

Како реагирате на животните проблеми? Дали станувате сè поогорчени или пак, едноставно не им дозволувате да ви го уништат духот? Оваа инспиративна приказна која се шири онлајн ни го покажува најдобриот начин на кој сите ние треба да се носиме со препреките кои животот ни ги поставува на нашиот пат.

Таа ѝ кажала на својата баба дека сопругот ја изневерил и добила сосема неочекуван одговор

Една млада жена ја посетила својата баба и ѝ раскажала за потешкотиите во нејзиниот живот. Неодамна нејзиниот сопруг ја изневерил и таа била многу разочарана. Не знаела како тоа ќе го преживее и токму затоа сакала да се откаже од сè. Таа била изморена од борба и ѝ изгледало како секој пат кога ќе реши нешто во нејзиниот живот дека се појавува нов проблем.

Нејзината баба ја одвела во кујната каде што наполнила 3 сада со вода и ги ставила на шпорет. Во првиот сад ставила морков, во вториот јајце, а во третиот мелено кафе, а потоа ги оставила да зовријат. По 20-тина минути го исклучила шпоретот и ги извадила морковот, јајцето и кафето и ѝ ги послужила на својата внука, прашувајќи ја што гледа.

„Морков, јајце и кафе“, одговорила таа.

Потоа бабата ѝ рекла да го допре морковот. Таа го направила тоа и ѝ кажала дека е мек. Бабата побарала од неа да го скрши јајцето и откако ја отстранила лушпата забележала дека тоа е тврдо варено. На крајот, бабата ѝ рекла да се напие една голтка кафе. Внуката се насмеала кога ја вкусила богатата арома на кафето.

„Што значи ова?“ – ја прашала таа својата баба.

Бабата ѝ објаснила дека секој од овие нешта биле соочени со истиот проблем – врелата вода. Но, секој од нив реагирал на друг начин. Морковите кои се тврди, под влијание на водата станале меки и слаби. Јајцето има тврда лушпа која ја заштитува неговата течна внатрешност, но по стоењето во водата и таа станала тврда. Од друга страна пак, кафето се однесувало уникатно. За време на варењето, тоа ја променило водата.

„Што си ти? Кога неволјата ќе чукне на твојата врата како реагираш? Дали си морков, јајце или кафе?“ – ја прашала таа својата внука.

Размислете за ова. Што сте вие? Дали сте морков кој на прв поглед е силен, но соочен со болка станува мек и ја губи својата сила? Дали сте јајце кое ја менува својата внатрешност поради тешките ситуации? Дали по соочување со голем проблем вие станувате тврди и вкочанети? Дали вашата надворешност изгледа исто, додека вашата внатрешност целосно се менува? Или пак, сте како кафето кое го менува она кое пробува да го смени него? Кога водата станува врела, кафето испушта мирис и вкус. Ако сте како него, тогаш кога нештата се најлоши вие станувате подобри и ја менувате ситуацијата околу вас.

Се надеваме дека сите вие во животот сте како кафето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар