Таа ги освои социјалните мрежи: Ја нарекуваат црна барбика и ѝ се насмевнува светска кариера
Досега на Инстаграм се појавија многу „живи барбики“, кои неверојатно наликуваат на познатата кукла, но сите тие горе-долу изгледаат исто. Нештата целосно се променија кога неодамна се појави Лолита. Поради бојата на нејзината кожа и специфичноста на цртите на лицето, таа ја доби титулата на црна барбика.
Лолита себеси се нарекува и црна Хана Монтана. Таа стана ѕвезда на Инстаграм, но и баран модел. Своите следачи, претежно млади девојки, ги бодри да се гордеат со своето тело и бојата на кожата, која неа ѝ создала изгледа на кукла.
Големи симпатии стекнала во постот во кој го пренесе своето искуство како се шминка за да личи на другите, за да им се допаѓа на момците, кога била незадоволна со себе. Тука е ѝ нејзината порака за девојките да се фокусираат на училиштето и оцените, но и да се сакаат себеси.
Лицето, погледот, беспрекорната кожа, сето тоа плени во изгледот на Лолита. Преостанува да видиме дали нејзиниот лик ќе ги надмине социјалните мрежи и ќе му стане занимлив на некој од светските модни дизајнери.