Таа дала отказ од здодевната работа за да стане пилот и сега го освојува светот со своите фотографии
Никогаш не е доцна да ги остварите своите соништа! И покрај тоа што можеби оваа изрека ви изгледа како клише, постои голема вистина зад неа. Токму тоа го докажува 33-годишната Сара Јохансон и нејзините 22 илјади следбеници на Инстаграм.
Сара работела како фризерка пред да го пронајде својот животен повик во пилотската кабина на Боинг. И покрај тоа што таа се плашела од летање како помала, Сара сега признава дека не постои подобро чувство од пилотирање на 60-тонски авион.
И покрај нејзината страст, таа признава дека тренингот да стане пилот, како и предизвиците со кои се соочувала по пат, биле многу тешка. Таа наишла на потешкотии поради својот пол, велејќи дека мора да работи дупло повеќе само затоа што е жена.
Сепак, на крајот успеала да го оствари својот сон и сега Сара постојано објавува фотографии на нејзиниот Инстаграм профил, споделувајќи ги своите авантури со целиот свет.
Продолжува на следната страница…