Светскиот „патник“ кој никогаш не го напуштил својот дом

Светскиот „патник“ кој никогаш не го напуштил својот дом

За многумина од нас првата асоцијација за Куба е градот Хавана. Но, повеќето туристи кои имале можност да ја посетат оваа земја ќе ви кажат дека вистинска кубанска магија се крие во гратчето Тринидад. Градот кој се карактеризира со мали калдрмисани улички, згради од 18 и 19 век во пастелни бои и уредени барокни плоштади, е прогласен за светско наследство на УНЕСКО во 1988 година.

Светскиот „патник“ кој никогаш не го напуштил својот дом

Доколку поминете покрај канделабрите од ковано железо на плоштадот Мајор кон автобуската станица, ќе здогледате човек кој седи покрај количка и чкрта во својот тефтер. Неговото име е Луис Мартинез.

Мартинез е автор на повеќе од 3.000 песни за градови и знаменитости ширум светот. Неговата умешност се состои во тоа да го опишува секое место со прецизни и живописни детали како тукушто да го видел со свои очи. Сепак, Мартинез никогаш не ја напуштил Куба. Во изминатите 20 години тој работел како амал на автобуската станица во Тринидад, при што дење разговарал со туристите, а ноќе ги проучувал старите атласи и преку нив го „запознал“ светот.

Светскиот „патник“ кој никогаш не го напуштил својот дом

Alice Bellincioni & Giulia Paltrinieri

Долго време многу Кубанци како Мартинез можеле само да се прашуваат што се наоѓа преку океанот. По револуцијата во 1961 година, тогашниот претседател Фидел Кастро донел строги ограничувања за патување со цел да ги спречи Кубанците масовно да заминат од земјата. Забраната останала на сила повеќе од 50 години сè до 2013 година кога тогашниот водач Раул Кастро го укинал законот според кој сите граѓани кои сакале да патуваат во странство морале да бараат владина дозвола.

Но, за многумина кои исто како и Мартинез биле само деца кога земјата ги затворила границите, читањето книги и проучувањето мапи било единствениот начин да се „напушти“ Куба.

Денес, Мартинез, кого не го служи здравјето како што тој самиот изјавува, продолжува да пишува и да запознава нови пријатели од странство кои му го носат светот во Тринидад.

Откако ја прочитавте неверојатната приказна за Луис Мартинез, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те причини поради кои ќе се вљубите во Куба.

Извор: bbc.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар