Свадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското Море

Свадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското Море

Тешко е да се планира свадба, а уште потешко е кога невестата решила да го каже судбоносното „Да“ во водите на Карипското Море. Сузана Замос и младоженецот Џовани, кои живеат во Бостон, го одбрале совршеното место за да ја одржат нивната венчавка во ноември 2016 година. На почетокот, многумина се сомневале во остварувањето на нивната венчавка од соништата.

Свадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското Море

„Имавме свадбен планер кој ни кажа ’Не! Не можете да го направите тоа! Премногу е комплицирано!’“, открива Сузана.

Свадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското Море

Идниот брачен пар само што не се откажал од идејата, кога свадбените фотографи од „Del Sol Photography“ ги охрабриле да продолжат со нивните планови.

„Идејата да се одржи цела свадбена церемонија во вода е неверојатна. Можев да ги замислам прекрасните фотографии. Кога друг пат ќе добиете шанса да фотографирате венчавка во океан, со даска за сурфање и олтар?!“, изјавил Сол Тамарго, главниот фотограф.

Свадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското Море

Во Козумел, Мексико, парот заедно со нивните 100 гости биле однесени со помош на два брода и јахта до песочникот кој се наоѓал сред Карипското Море.

Свадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското Море

Сузана носела розова венчаница на денот на свадбата иако имала вкупно 5 фустани.

Свадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското Море

Фотографите целосно ги прифатиле предизвиците што им ги наметнала ваквата необична венчавка во вода и користеле дрон за да направат прекрасни снимки од поголема височина, а самиот Тамарго направил фотографии со голем подводен фотоапарат.

Свадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското Море

„Фотографирав од бродот и потоа скокнав во вода со опрема за нуркање“, открил Тамарго.

Тимот бил составен од вкупно 8 фотографи, видеографи и управувачи на дрон. Сите заедно помогнале да се овековечи овој посебен ден со помош на три подводни фотоапарати, две обични камери и дрон.

Свадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското Море

Невестата која себеси се нарекува „сирена“ открила дека денот не можел да помине посовршено.

„Отсекогаш сум ја сакала водата. Обожавам да нуркам и имав среќа да пораснам со базен во градината, а и морето не ми беше многу далеку. Моите најсреќни денови секогаш биле под вода“, објаснила Сузана.

Свадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското Море

Која девојка не би посакала да се претвори во сирена макар на еден ден?!

Свадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското Море

Во продолжение погледнете го и видеото од неверојатната свадба на сирената Сузана и Џовани…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар