Суштества од коралните гребени
Коралните гребени се неверојатно богати со разновиден жив свет. Освен коралните полипи, кои ги образуваат коралните гребени, тука може да се сретнат и разни видови сунѓери, ракови, полжави, риби, желки, змии и други мекотели.

Сива гребенска ајкула

Корали

Морски ежови

Гигантска зелена желка

Корални полипи

Анемон

Жолто-точкаста риба

Кит–ајкула
Коралните гребени се создаваат во плитка и топла вода, во близина на копното, и тоа најчесто во тропските области. Најмногу ги има во источниот дел на Африка, во јужниот дел на Индија и на други слични места.

Корален гребен покрај Занзибар, Танзанија

Заштитена зона во Папуа Нова Гвинеја

Корален гребен покрај Малдивите

Корален гребен во близина на Фиџи

Корален гребен во близина на Филипините

Корален гребен покрај островот Мореа, Француска Полинезија

Тиркизниот залив во Австралија

Коралниот гребен на Белизе
Најголем корален гребен во светот е Големиот корален гребен кој се наоѓа во близина на Квинсленд, во североисточна Австралија. Неговата должина изнесува повеќе од 2.900 километри.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.