Сурово искрени цитати од Игор Џамбазов
Игор Џамбазов е еден од ретките луѓе кои собрале храброст да се соочат со себе и да си ги признаат грешките во сопствениот живот, а тоа го сподели со својата публика преку двете неконвенционални книжевни дела „Гол човек“ и „Прирачник за антиантиалкохоличари.“ Следните сурово искрени цитати од овие две книги, пренесуваат какви поуки тој извлекол од животот во врска со љубовта и пријателството, пороците и непријателството и како можете вие да ги избегнете истите грешки.
„Во еден чуден полусон размислував за утре. А обично не размислувам за утре. Мојот концепт за животот не е таков. Каков е ни јас не сум сигурен. Ама, таков не е. Што има да размислувам за утре. Утре е дури утре.“
„Некои луѓе премногу често си дозволуваат да ја стават љубовта во секоја реченица. Понекогаш и без врска. Ќе ја спомнат љубовта во некој контекст, кој воопшто не е соодветен и мислат дека со тоа завршиле работа. Грешка, луѓе мои. Љубовта не е збор за во прости реченици. Љубовта е простопроширена.“
„Тино ме познава како својот џеб. Понекогаш ме нервира тоа што ме познава подобро од мене. Вреди да имаш таков човек во животот. Барем имаш некого што ќе ти каже што се случува. Тогаш кога ти самиот не знаеш.“
„Еднаш се живее, ама два пати се умира.“
„Ама пријателе мој, и ти сигурно знаеш дека мајката не го карала синот кога игра комар, туку кога сака да се извади.“
„И кога сите бродови ќе ти потонат, најди едно поле. Поле широко. Па, затвори очи, исклучи уши, растерај мисли и… диши длабоко. И обиди се да научиш нешто од сопствените грешки. Да научиш нешто од себе. Она што веќе си го искусил.“
„Читателу мој скап, запомни го ова. Лошите критики можат добро да делуваат на тебе. Добрите можат лошо. Затоа добрите критики не секогаш се добронамерни. Особено, ако им ја препознаеш намерата. Ако знаеш дека се од оние што или се болно љубоморни или се од оние другите. Тоа се оние кои никогаш нема да кажат дека си добар, тогаш кога и самиот знаеш дека си навистина добар. Има и такви кои ќе ти кажат дека си добар, дури и тогаш кога си лош. За да бидеш што полош. Каква перверзија. Јас ги обожувам оние третите кои ми викаат дека сум лош, дури и тогаш кога сум по малку брилијантен. Тие се моите срцки. За нив живеам и творам.“
„Кога губиш пари, бараш пари. Кога добиваш пари, ти бараат пари. Секако си зијан. И тоа не само пари. Подоцна, кога е веќе доцна, сфаќаш дека не си изгубил само пари. Туку нешто многу повеќе.“
„Во рулет-сексот оргазмот трае со часови и ти го опседнува и телото и духот. И тоа од аналниот отвор до малиот мозок. И не ти е потребен партнер. Самиот си партнер. Мастурбираш пред луѓе. Пред преполно казино. Само што кога ќе свршиш, задоволството не ти припаѓа тебе. Уживањето е нивно.“
„И додека стрпливо чекав полусонот да се претвори во сон, помислив на мојата Ики. Секогаш кога ти е тешко помислуваш не некој свој, нели пријателе мој? Некој ептен близок. Тоа помага. Барем малку.“
„Не е доволно само да си признаеш. Не е доволна искреноста само кон себе. Поважна е искреноста кон другите.“
„Не можат тие толку да ме изнервираат, колку што јас можам да истрпам. Забораваат една важна работа. За разлика од сите други, јас немам што да загубам. Удавено магаре од мечка не се плаши.“
„Вистинскиот пријател нема да дозволи да се брукаш за две-три заостанати сметки, да се криеш од шефицата на дисконтот, или да се нервираш што не можеш да почестиш ни едно кафе во пицеријата каде што со години го убивате слободното време и го менувате светот. Пријателот не позајмува. Пријателот дава. Ти земаш, затоа што немаш. А кога ќе имаш, ќе вратиш. Без датуми, без противуслуги и што е најважно без камати. Пријателот не сака камати. А оној што сака, не ти е пријател.“
„Колку и да се обидувам да го растерам од моите мисли сето она што како грев сум ѝ го „подарил“, сфаќам дека тоа едноставно е невозможно. На неа мислам постојано. На неа мислам и кога мислам дека не мислам.“
„Пријателе мој, никогаш немој да ги лажеш оние што те сакаат. Правиш погрешна работа. Викни некогаш, налути се понекогаш и ветувај засекогаш. Само немој да лажеш. Оти на лагата и се кратки нозете, а знаат да акнат и по некојa клоца. Една од десетте божји заповеди би требало да гласи: „Не лажи. Бакнувај.“
„Моето оружје пријателе, е меморијата. Сè уште. Сè уште ми работи бојлерчето. Имав и други ефикасни оружја кои сега ми се застарени од неактивност. Глумата, блузот, стиховите, вицовите. Оружје ми се пријателите. Оние малкумина што ми останаа. Со нив, во овој момент се чувствувам како да сум дел од непобедлива војска. Како дел од некој специјален одред.“
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро.“
„Пијаните мајмуни се смешни до солзи. Пијаните луѓе се тажни до солзи. Сите заедно седиме во алкохолниот кафез на животот и им правиме циркузи на оние кои нè гледаат. Мајмуните што излегуваат од нас кога сме заробени под алкохолот се смешни и тажни истовремено. Знаат и да гризат понекогаш. И да удираат и да викаат. Пцуењето се подразбира. Знаат и да плукаат. И физички и умствено.“
„Луѓе мои. Каква тажна приказна за оние што премногу сериозно си го сфатиле животот. Животот е несигурна појава. Тој може да биде страшна трагедија за сите оние кои чувствуваат и супер комедија за сите оние кои мислат. Или мислат дека мислат.“
„Од денес, мора да почнам да мислам и за утре. Оти, еве го кај е утре. Утре ќе дојде за миг. Нема веќе заебанција со утре.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Go obozavam Igor, edinstven e…
Ste zaboravile da dodadete uste dva….
„Жените во Македонија не знаат да прифатат искреност од маж. Секој искрен маж за нив е или преварант или сака нешто да скрие, да добие и слично.“
„Минатото се заборава, сегашноста се живее, а иднината се сонува“
Igore , ljubovta ne e nitu prosta nutu prostoprosirena recenica, vistinskata ljubov e bez zborovi. Zborovite ziveat vo nasiot um, a ljubivta ima drugo povisoko zivealiste.Koj bil nagosti kaj nejze so svojot um, ne se pocustvuval Kako doma vo svojata ljubov , I moral da si odi, I da misli deka doznal sto e ljubov. A Kako posledica se site drugi momenti sto gi opisuvas Kako tvoe iskustvo. So drugi zborovi, premnogu si IGOR I toa Djambazov Igor, za da znaes sto e ljubov.
Igor ne veli deka ljubovta e zbor za vo prostoprosirena RECENICA!
Citajte vnimatelno:
“Љубовта не е збор за во прости реченици. Љубовта е простопроширена.“
Sekoj cita I tolkuva na svoj nacin. Jas ne go osuduvam na Igor , tuku negovite poroci.I toa sto cela javnost treba da ja slusa I cita negovata samopsihoanaliza. Vistinski akter I umetnik spored mene treba da nosi nesto poinakvo I povisoko vo narodot.A Igor mi e “Jas pak Jas”. Mnogu pogolemi moznosti mislam deka ima vo nego..No pak povtoruvam, moe lichno mislenje.
Neodamna na TV Igor izjavi deka resil da prestane so pisuvanje na avtobiogarfski knigi. Ili nema poveke poroci ili sfatil deka premnogu se razgoli pred javnosta. A mozebi i dvete. Taka da, bidete spokojni do slednata negova kniga!
Ne haluciniraj do tolku te molam 🙂
Ljubovta e prostoprosirena, a cesto i slozeno komplicirana, barem spored mene.IGOR e GENIJALEC koj retko se radja. Greski vo zivotot pravime site,pa i genijalcite .Vo sekoj slucaj go obozavam.
Единствен е, најдобар е и незаменлив!
Го обожувам…
Значи навистина има толку многу реченици кои што ми оставија ОГРОМЕН впечаток и можам да каќам едно големо БРАВО за Игор, но покрај пофалните зборови и импресии за и од него морам да спомнам дека:
Не му требало првата мисла (каде што сака да не убеди дека треба да живеме само сега, без да мислиме на утре, оти е утре е тек утре)
и
последната мисла, каде што е сосоема спротивна и различна од веќе спонеатава или прва во овој извадок…дека мора да мисли на утре.
Значи ако имаш став и сакаш своето мислење да го наметнеш како правилно на луѓето, во тој случај…СТАВОТ ТРЕБА ДА БИДЕ КОНСТАНТЕН И ДА СЕ ЗНАЕ ШТО СЕ САКА, а не во еден момент едно, во друг момент сосема спротивно на првото.
aneta … znaci procitaj ja knigata i ke gi svatis recenicite i ednata i drugata .. i ke vidis sto e rabota so stavot za odredeno nesto vo slucajov za “utre”
Prvata recenica e citat izvaden od pocetokot na negovata kniga kade samiot objasnuva kako ziveel i seto toa .. i togas stavot mu bil “utre e utre” a poslednata e od krajot na knigata kade kazuva u stil svativ deka sum gresel i site tie raboti i od sea “moram da mislam za utre” :))))) NEMA NIKAKVA KONTRADIKTORNOST ILI SLICNO…….samo treba da ja zemes knigata da ja procitas i mnjasno ke ti bide
sekoj covek pravi greski treba da ucime od sopstvenite greski alubovta etuka za da prostuva
Ve molam napisete mi go vo komentarive citatot posveten na iki kako koga ti ne ja sakas ke ja zeme nekoj drug fala