Суров човек користел фотографија од 9-годишно девојче за да промовира абортус

Суров човек користел фотографија од 9-годишно девојче за да промовира абортус

Никогаш не можете да знаете кога ќе ве нападне зол човек од некој темен агол на Интернетот. Користејќи ја анонимната природа, воините со тастатура делат вознемирувачки мисли од кои не отсуствуваат ниту малите дечиња. Неодамна, еден од овие луѓе искористил слика од Софија, 9-годишно девојче со инвалидитет за да промовира абортус. Нејзината мајка одговорила на оној начин како што секоја мајка би одговорила – таа почнала војна против говорот на омраза.

(1) surov-chovek-koristel-fotografija-od-9-godishno-devojche-za-da-promovira-abortus-www.kafepauza.mk

Софија била родена со фацијални деформитети, како и деформитети на нејзините дланки и стапала. Кога наполнила 1 година, била дијагностицирана и со синдромот Рет – нарушување на мозокот што трајно влијае на говорот и моторните функции на децата. Како резултат, Софија има потреба од 24-часовна грижа од страна на нејзините родители.

(2) surov-chovek-koristel-fotografija-od-9-godishno-devojche-za-da-promovira-abortus-www.kafepauza.mk

Софија досега имала 22 операции и секојдневно се бори за својот живот. Не може да јаде сама, постојано има напади и се гуши поради деформитетите и синдромот Рет. Како активистка за здравје, мајка ѝ почнала јавно да зборува за нејзината состојба. Но, токму тоа довело до напад од страна на напаѓачите.

(3) surov-chovek-koristel-fotografija-od-9-godishno-devojche-za-da-promovira-abortus-www.kafepauza.mk

„Луѓето постојано бараат начин да ве повредат. Постојат луѓе што ќе се погрижат да ја видите нивната злоба. Истите тие постојано ми велеа да го убијам моето дете за да ѝ ги скратам маките“, вели Вивер.

(4) surov-chovek-koristel-fotografija-od-9-godishno-devojche-za-da-promovira-abortus-www.kafepauza.mk

Еден од овие напаѓачи бил толку упорен и гласен, што не само што споделил фотографија од Софија со текст за промовирање абортус, туку го означил и профилот на Вивер за да можат луѓето да ѝ испраќаат директни пораки. Таа го блокирала и побарала помош од нејзините следбеници да го направат истото. Се обратила и директно до Твитер, и иако било потребно време, тие ја тргнале фотографијата и го блокирале профилот од каде што дошла.

(5) surov-chovek-koristel-fotografija-od-9-godishno-devojche-za-da-promovira-abortus-www.kafepauza.mk

Иако оваа ситуација добро завршила, тоа не се случува секогаш. Постојат многу луѓе со инвалидитети и различни видови потешкотии поради кои секојдневно се борат за својот живот, и токму тие поради необјасниви причини се мета на зли луѓе. Живееме во 21-ви век, а сè уште треба да се плашиме за своите најблиски од анонимни напаѓачи што немаат свој живот, па се плеткаат во туѓите. Особено во животот на оние што не можат самите да се борат за себе. Зарем не е време ова да се смени? Зарем не е време конечно човештвото да „порасне“?

(6) surov-chovek-koristel-fotografija-od-9-godishno-devojche-za-da-promovira-abortus-www.kafepauza.mk (7) surov-chovek-koristel-fotografija-od-9-godishno-devojche-za-da-promovira-abortus-www.kafepauza.mk (8) surov-chovek-koristel-fotografija-od-9-godishno-devojche-za-da-promovira-abortus-www.kafepauza.mk (9) surov-chovek-koristel-fotografija-od-9-godishno-devojche-za-da-promovira-abortus-www.kafepauza.mk (10) surov-chovek-koristel-fotografija-od-9-godishno-devojche-za-da-promovira-abortus-www.kafepauza.mk (11) surov-chovek-koristel-fotografija-od-9-godishno-devojche-za-da-promovira-abortus-www.kafepauza.mk (12) surov-chovek-koristel-fotografija-od-9-godishno-devojche-za-da-promovira-abortus-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар