СУПЕРТЕСТ: Која е вашата темна страна?

СУПЕРТЕСТ: Која е вашата темна страна?

Секој од нас има скриена страна на личноста која доаѓа до израз во разни ситуации преку нашите постапки и однесување. Овој психолошки тест ќе ви ги открие скриените аспекти на вашата личност. Решете го и откријте кои сте навистина.

1-supertest-koja-e-vashata-temna-strana-kafepauza.mk

1. На излет сте и после долга прошетка изненадено наидувате на:

А) Многу привлечна личност
Б) Пештера
В) Раскрсница
Г) Необична куќа

2. Понудени ви се 4 карти, која ќе ја изберете:

А) Кец во баклава
Б) Кец во лист
В) Кец во детелина
Г) Кец во срце

3. Ве мачи морбиден кошмар и наеднаш се будите од сонот бидејќи:

А) Горите во страшен оган или пламен
Б) Паѓате од непрегледна височина и пропаѓате во бездна или темница
В) Ве гони страшен монструм, крволочен убиец или давител
Г) Се давите во вода

4. Некој ви подарил:

А) Приврзок
Б) Часовник
В) Шапка
Г) Парфем

5. Необично важен детаљ во вашиот дом има:

А) Огледалото над креветот каде што спиете
Б) Огромното џакузи во прекрасното купатило
В) Дискретното осветлување и прозорите
Г) Големиот топол камин покрај удобната софа или креветот

6. Понудени ви се 4 работи. Која ќе ја изберете?

А) Стари пари
Б) Песочен часовник
В) Ламба
Г) Антички клуч

7. Да можете да го казните својот најголем непријател, тоа би го направиле на следниот начин:

А) Ќе го испратите во манастир
Б) Ќе му го одземете она што најмногу го сака
В) Ќе го мачите со најлошите направи за мачење
Г) Ќе го осудите на вечна самотија

8. Пред вас се наоѓа шпил карти, вие сигурно ќе извлечете:

А) Кец
Б) Крал
В) Џокер
Г) Дама или џандар срце

9. Би се чувствувале тотално беспомошно кога би се случило:

А) Околу вас да е бескрајна темница
Б) Да останете тотално неподвижни, како растение кое вегетира
В) Некој да ве затвори во лавиринт од кој нема излез
Г) Да останете сами после апокалипса

10. После страшен пожар или несреќа, можете да направите само еден потег. Притоа, кого ќе спасите?

А) Партнерот/ката
Б) 10 познати личности
В) Братот/сестрата
Г) 40 непознати личности

11. Сте фатиле златна рипка која може да ви исполни само една желба. Ќе изберете:

А) Комплетна и совршена промена на изгледот, успех и моќ
Б) Патување низ времето
В) Бескрајна младост
Г) Среќа во љубовта

12. Вашата неостварена фантазија е:

А) Да имате моќ и да бидете господар
Б) Да имате мистична моќ и да постанете волшебник
В) Да можете по потреба да постанете невидлив/а
Г) Да имате крилја

13. Повремено чувствувате страв од:

А) Неуспех и немоќ
Б) Загуба и сиромаштија
В) Предавство и измама
Г) Осаменост и болест

14. Имате прилика да добиете божествен подарок. Ќе изберете:

А) Еликсир на вечноста
Б) Аргусово око кое гледа сѐ
В) Волшебно стапче
Г) Камен на знаење и мудрост

15. Да можете би сакале:

А) Да управувате со светот
Б) Да посетите други светови
В) Да го спознаете и доживеете таинственото и мистичното
Г) Да ја посетите Рајската градина

16. Сакате да се опуштите дома со добар филм. Кој жанр најмногу одговара на вашето расположение?

А) Акција или еротика
Б) Комедија или мјузикл
В) Научна фантастика
Г) Психолошка драма или романса

0-supertest-koja-e-vashata-temna-strana-kafepauza.mk

Резултати:

Најмногу одговори под „А“:

Најголемиот животен предизвик за вас се крие во другите луѓе и односите со нив. Ве води голема страст, импулс кој се заснова на сетилата, допирите, хедонизмот и уживањето. Без разлика колку делувате силно, психолошки или физички, вие не можете без другите. Тежнеете кон екстремности, им дозволувате на другите да ве усреќуваат, но исто така и да ве разочараат и повредат. За вас искуството нема важно влијание, склони сте да ги повторувате истите грешки. Понекогаш одите по тенка линија помеѓу радоста и тагата, среќата и несреќата, нагонот за создавање и нагонот за уништување. Важно ви е да се движите и да подложите понатаму во животот. Во суштина вие сте послаби одошто се претставувате во својата околина и одошто другите мислат. Понекогаш не умеете да се сопрете во критични ситуации. Имате нагласена склоност кон фиксации.

Најмногу одговори под „Б“:

Вие имате нагласена потреба да го истражувате светот околу себе, но првенствено за да ги задоволите личните пориви. Кога ќе ги остварите своите цели и ќе ги задоволите вашите широки апетити, тогаш и другите можат да бидат задоволни. Задоволството, радоста и среќата ги делите со другите, но за возврат очекувате посебно признание или награда. Многу сте упорни во своите намери и скоро секогаш пронаоѓате начин или оправување да ги остварите своите цели. Доколку сте разочарани, тажни или повредени, барате начин брзо да ја повратите загубата и да ја потиснете својата слабост. Искуството на вас делува поучно, но понекогаш заради скриените слабости умеете да попуштите пред новите предизвици. Вие сте посилни одошто се претставувате во својата околина и одошто другите мислат. Потребни ви се другите за да сопрете во критичните моменти. Имате нагласена склоност кон разни сублимации.

Најмногу одговори под „В“:

Вие знаете да го привлечете вниманието и да оставите впечаток, уште на прв поглед или со помош на необичниот стил на однесување или оригиналност. Ве привлекуваат секакви несекојдневни ситуации и големи екстреми. Понекогаш сакате да ги заобиколите правилата. Несвесно се водите по принципот: кога е добро за вас, добро е и за другите, кога ви е лошо вам, на другите им е уште полошо. Поседувате огромна енергија, но не ви е лесно да ја контролирате. Позитивниот пулс ви создава можност за радост, задоволство и среќа, но вашиот внатрешен импулс за промена е посилен од потребата да се воздржите. Кога сте разочарани, тажни или повредени, ќе направите сѐ што е потребно за да ја елиминирате таа непријатност. Се учите од своите грешки и знаете да ја предимензионирате стварноста или светот околу себе. Одрекувањето и казнувањето е цената која ја плаќате или наплатувате за разни пропусти. Вие сте послаби одошто се претставувате во околината и одошто другите мислат. Голема слабост ви е што не умеете да застанете во критичните ситуации. Имате склоност кон разни опсесии.

Најмногу одговори под „Г“:

Кај вас се нагласени големата имагинација и емотивноста, но всушност таа длабока емотивност претставува истовремено и вашата најслаба страна на личноста. Доколку својата енергија ја насочите кон афирмација и задоволство, вие претставувате бескраен извор на радост. Но, ако доживувате разочарување, бол и страдање ќе се тргнете од другите и постанувате склони кон самоказнување. Без разлика колку делувате зависни од другите, длабоко во себе тежнеете кон комплетен развој на личноста. Во суштина, вие сте посилни отколку што се претставувате пред луѓето во својата околина и отколку што другите мислат. Имате одличен инстинкт за самоодржување, можете да претчувствувате опасност или неволја. Вие знаете да запрете во критични моменти, но ако сакате можете да ги сопрете и другите. Имате нагласена склоност кон големи фантазии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар