Претходно
Супер креативни и откачени покани за свадба
Идната брачна двојка Мет и Мени, креирала брилијантни покани за сопствената свадба. Нивниот дизајн е на шест различни теми, од романтични, па сè до морбидни. Секој гостин ќе добие покана, согласно неговиот карактер. 🙂
„Мојата свршеница и јас по неколку месеци работа, конечно ги завршивме поканите. Таа ги направи фотографиите, а јас дизајнот. Нема зомби покани за баби и дедовци“, се шегува Мет.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.