Суеверија и народни верувања во светот

Суеверија и народни верувања во светот

Автор: Горана Коневска

Суеверието е верување во натприродни дејствија, поточно, верување дека некој настан е причина што води до појава на друг, без притоа да има рационален процес или физички објаснива врска помеѓу тие два настани. Со текот на времето, во различни земји се востановувале различни народни верувања т.е. суеверија. Еве неколку интересни примери, како и сличности и разлики меѓу нив.

Суеверија и народни верувања во светот

Италија

  • Бројот 17 е несреќен број.
  • Кога група луѓе си честитаат нешто, ако се вкрстат рацете, тоа носи лоша среќа (во Македонија тоа значи дека наскоро ќе има свадба).
  • Ако неоженет човек или неомажена девојка седи на агол на маса, нема да се ожени/омажи (ова суеверие постои и во Македонија и во Русија).
  • За добра среќа, преку левото рамо се фрла сол.
  • Ако падне виљушка на земја, ќе дојдат гости.

Суеверија и народни верувања во светот

Русија

  • Ако птица застане на прозорец и чука со клунот или ако влезе во собата, се смета за многу лоша среќа, а некои веруваат и дека носи смрт.
  • Ако некого го чеша десното око – ќе има среќна случка, ако го чеша левото око – тоа е несреќа.
  • Ако заврне дожд на нечија свадба, тогаш младиот брачен пар ќе биде многу богат.
  • Кога се има интервју за работа, или испит/тест на факултет/училиште, ако се намести наутро креветот, ако се облече нешто ново или ако се сечат нокти се смета за многу лоша среќа.
  • Огледување во скршено огледало носи несреќа (во истото веруваат и во Македонија, во Америка и на други места).

Суеверија и народни верувања во светот

Германија

  • Да се убие пајак, тоа ќе предизвика голема несреќа за тој што го убил.
  • Ако новороденчето се стави на левата страна од креветот кога првпат ќе се донесе дома, тогаш кога ќе порасне ќе биде трапаво (слично верување има и во Америка).
  • Ако наутро некој помине помеѓу две стари жени, остатокот од денот се ќе му оди наопаку.
  • Ако сите дома легнат да спијат, а масата за јадење не е исчистена, тогаш најмладиот член на семејството лошо ќе спие.
  • Секојпат кога некој ќе запали цигара од свеќа, еден морнар умира.

Суеверија и народни верувања во светот

Шпанија

  • Солта не се подава од рака на рака, туку се остава на маса каде другиот може да ја дофати. Ако се подаде, се расипува среќата.
  • Ако невеста носи нешто сино, ќе има убав брак и многу љубов (истото верување го има и во Америка).
  • Вторник 13-ти (а не петок 13-ти) се смета за баксузен ден.
  • Чантата не се става на земја бидејќи тоа носи несреќа во однос на пари (губење, помалку примања, недостиг на средства). Ова се сретнува како верување и во Македонија.
  • Ако некој наздрави со чаша вода, ќе има лош секс 7 години.

Суеверија и народни верувања во светот

Америка

  • Не е добро за се купува облека за бебе кое не е родено.
  • Полна месечина е знак за добар почеток на нова работа и за напуштање на стара.
  • Кога се тргнува на пат не треба да се враќа назад дома ако се заборави нешто – тоа носи лоша среќа (ова верување се сретнува и во Македонија).
  • Вечерта за Нова година треба да се носи бело, за да се има среќа цела година (ова верување се сретнува и во Бразил).
  • За да има среќен и плоден брак, невестата треба да носи нешто ново, нешто старо, нешто сино и нешто позајмено.

Суеверија и народни верувања во светот

Македонија

  • Бројот 13 се смета за несреќен број.
  • Ако некој од домот заминува на пат, тие што остануваат дома не треба да фрлаат ѓубре по него (сè додека не ја помине првата вода, на пример река и сл.).
  • Ако мувите касаат, доаѓа дожд.
  • Кога се влегува во нечиј нов дом или во нова канцеларија, се фрлаат парички на земја, за да биде богато семејството/да носи пари фирмата.
  • Ако некој кој јаде го смени местото за време на јадењето, ќе ја смени и сопругата/сопругот.
  • Ако црна мачка ви го пресече патот, треба да тргнете по друг или да се вратите неколку чекори назад, инаку нешто лошо ќе се случи (во други земји тоа се смета за среќа).

Суеверија и народни верувања во светот

Верувате во вакви работи? Кои суеверија сте ги научиле од вашите баби? Дополнете ја листава.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. David Reply

    Не верувам во суеверија, верувам во себе.

  2. Monika Reply

    Ne veruvam ama ic!

  3. Marija Reply

    Toa so muvite kaj nas ne e sueverie, tie se predznak deka ke vrne, bidejki tie go cuvstvuvaat dozdot, stanuvaat nervozni i kasaat 🙂

  4. Nina Reply

    Не верувам, ама ги правам 😀

Остави коментар