Студија извршена на 70.000 луѓе открива дека вегетаријанците се поздрави и живеат подолго
Неодамнешно истражување што било спроведено од научниците при Универзитетот Лома Линда во Калифорнија на 70.000 испитаници што биле следени во период од 6 години открило неверојатни придобивки од вегетаријанскиот живот. Резултатите покажале дека вегетаријанците живееле подолго и биле поздрави од луѓето што преферирале месо во својата исхрана.
Но тоа не е сè. Ова истражување покажало и дека храната што е често присутна во вегетаријанската исхрана, како овошјата, зеленчуците и јатките го намалуваат ризикот од развивање сериозни хронични болести како што се ракот, болестите на срцето и дијабетесот. Кога станува збор за животниот век, мажите вегетаријанци во просек живееле до 9,5 години подолго, а жените 6,1 година подолго во споредба со оние што јаделе месо.
Оваа студија дошла до уште неколку интересни заклучоци за вегетаријанците што вреди да се знаат:
- Тие во просек се за 13 килограми полесни
- Помалку гледаат телевизија
- Подолго спијат во текот на ноќта
- Јадат посвежа храна што се состои од овошје и зеленчук, јатки и семки
- Јадат храна со понизок гликемиски индекс и со помалку заситени масти
- Имаат за 5 единици помал индекс на телесна маса (BMI)
- Почесто вежбаат
За крај, добро е да се спомне и едно истражување спроведено во Велика Британија во 2011 година што пронашло дека ризикот од хоспитализација и степенот на смртност од срцеви болести е за неверојатни 32% понизок кај вегетаријанците во однос на оние што јадат месо.
Размислувате да станете вегетаријанци? Погледнете ги овие 10 работи кои ќе се случат со вашето тело ако престанете да јадете месо.