Студиите тврдат дека најлесно можете да го најдете вашиот сопруг во еден од овие градови…
Што е најзабавното нешто кое сте го направиле на првиот состанок? Сте биле на романтичен пикник? На возење со балон? Сте скокале со падобран? Според веб-сајтот MissTravel, патувањето е еден од најдобрите начини да ја откриете вашата компатибилност како пар.
MissTravel.com е првиот и единствен веб-сајт за состанување каде што членовите бараат партнери за патување. Со цел да откријат кои дестинации резултирале со долготрајни врски, тие спровеле студија и собрале податоци од членовите кои се во сериозна врска со личности кои ги запознале токму на овој веб-сајт. Основачот, Брендон Вејд, вели дека секој човек поседува карактерни црти кои не можат никогаш да се откријат преку едноставна вечера или состанок во кино. Тој вели:
„Патувањето ги извлекува луѓето од нивната удобна зона и им овозможува искрена поврзаност која брзо открива дали постои компатибилност помеѓу нивните карактери.“
Размислете само колку стрес се појавува со подготовките за класичниот состанок, како и за времетраењето на истиот. Вие тогаш постојано се грижите да не кажете или направите нешто погрешно, но за време на патувањата сте целосно опуштени и не размислувате два пати пред да проговорите. Токму затоа и ќе бидете автентични и брзо ќе откриете дали оваа личност навистина ви одговара.
Па, кои се најпопуларните градови кои можат да ја детерминираат оваа компатибилност? Според резултатите, ова се топ 10-те дестинации на кои можете најдобро да откриете дали тој или таа е добар избор за вас, уште на првиот состанок:
- Оранјестад, Аруба: 1.840
- Лас Вегас, Америка: 1.437
- Бали, Индонезија: 1.231
- Мајами, Америка: 1.055
- Париз, Франција: 1.045
- Сан Франциско, Америка: 982
- Рајските острови, Бахами: 915
- Рим, Италија: 846
- Торонто, Канада: 815
- Канкун, Мексико: 793
Што мислите? Би пробале да запознаете некого на некое од овие места?