Студент добил 0 поени на овој тест, но не дал ниту еден погрешен одговор
Можеме слободно да кажеме дека овој студент не се подготвувал напорно за својот тест, но тоа не значи и дека не се потрудил да го одговори секое прашање соодветно. И покрај тоа што неговите одговори може не се оние кои професорите ги барале, сепак тие не се ни погрешни. Погледнете за што станува збор…
1. Во која битка умрел Наполеон?
– Во својата последна битка.
2. Каде е потпишана декларацијата за независност?
– На дното од страницата.
3. Која е главната причина за развод?
– Бракот.
4. Што никогаш не можеш да изедеш за појадок?
– Ручек и вечера.
5. Што личи на половина јаболка?
– Другата половина.
6. Што ќе се случи ако фрлите црвен камен во сино море?
– Ќе стане мокар.
7. Како еден човек може да издржи 8 дена без сон?
– Тоа не е проблем. Може да спие навечер.
8. Како можете да подигнете слон со една рака?
– Не постои слон со една рака.
9. Ако во левата рака ви стојат 3 јаболка и 4 портокали, а во десната 4 јаболка и 3 портокали, што имате?
– Имате многу големи раце.
10. Ако на 8 луѓе им било потребно 10 часа да изградат ѕид, колку ќе им треба на 4 луѓе за истиот ѕид?
– Не им треба воопшто, ѕидот е веќе изграден.
11. Како да пуштите јајце на бетон, без притоа да се скрши?
– Како сакате, бетонот е многу цврст и не може така лесно да се скрши.