Страв, желба, паника: Што е шесто сетило и како да го слушате?
Доколку се наоѓате пред важна одлука и една од двете опции ви е многу примамлива, но сепак чувствувате мака и слабост кога треба да ја одберете, тогаш вратете се еден чекор назад и добро размислете за вашата одлука. Интуицијата или шесто сетило, како што многумина ја нарекуваат, многу често влијае врз одлуките кои ги носиме. Но, за што поточно станува збор?
Интуицијата е дефинирана како она што го чувствуваме кога нашиот мозок се потпира на претходните искуства и надворешните сигнали, кои се во еден вид хармонија кога треба да се донесе одлука која е значајна за нас. Бидејќи овој процес се случува многу брзо, нашата интуитивна реакција најчесто се наоѓа на потсвесно ниво. Исто како и во мозокот, така и во стомакот постојат невротрансмитери кои реагираат на дразбите од околината и емоциите во сегашноста. Кога овие невротрансмитери се стимулираат, вие ќе почнете да чувствувате сензации во стомакот, како што се добро познатите „пеперутки“.
Истражувачите поставиле теорија дека инстинктот кој се наоѓа во стомакот и кој му праќа одредени сигнали на мозокот игра огромна улога во интуицијата.
Мажите и интуицијата
Спротивно на општото верување каде што само жените добиваат признание за оваа инстинктивна особина, многу почесто отколку што би помислиле и мажите покажуваат изразена моќ на интуицијата. Но, во нашата култура, интуицијата се смета како емотивна и нејасна категорија која не се поклопува со машката природа, па токму затоа тие и често го губат допирот со неа. Тие многу почесто се повикуваат на разумот за донесување одредена одлука, отколку на слушањето на нивните емоции. Од друга страна пак, жените често се поттикнати да ги слушаат своите внатрешни сигнали, па токму затоа и се верува дека тие се повеќе интуитивни.
Како да ја слушате интуицијата?
Најпрво обрнете внимание на вашите физички реакции. Доколку се наоѓате пред важна одлука, каде што знаете дека едната опција е подобар избор за вас, но сепак чувствувате дека нешто не е во ред, тогаш време е да се фокусирате на тоа чувство. Интуицијата многу лесно може да се замени со силни емоции како стравот, желбата и паниката, па токму затоа е и важно да се фокусирате на внатрешниот глас преку кој вашето тело праќа интуитивни сигнали и да направите разлика помеѓу емоциите.
И за крај, не заборавајте дека вашата интуицијата, односно шестото сетило, е она што најчесто е секогаш во право. Обидете се повеќе да го слушате кога ќе ви биде потребен водич во животот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.