Страшната вистина за ентитетите: Кога тие можат да се закачат за вашата аура?
Ентитетите може да се видат со внатрешното око, можат да се чујат, може да се разговара со нив, а може и да се снимат со помош на поликонтрастна камера, измислена од страна на научникот, физичар и лекар Хари Олдфилд. Доктор Хари ги снимал ентитетите и дошол до некои неверојатни откритија. Тој со ваквите истражувања се занимава веќе 40 години, има докторат и предава на голем број факултети ширум светот.
Најосновното нешто што може да се каже за ентитетите е дека тие се делат на човечки и нечовечки. Доколку човекот не е подготвен за смртта, има ниско ниво на свест, ги нема соединето деловите на душата и претерано е врзан за земскиот живот, во моментот кога ќе настапи смртта и главниот дел од неговата душа ќе замине, неговите несоединети делови продолжуваат самостојно да егзистираат. Како такви, тие можат да се закачат на некого, бидејќи не ја следеле човечката душа при заминувањето и тие се практично изгубени.
Тоа се случува поради тоа што многу луѓе во текот на животот не тежнеат кон воспоставување единство на умот, духот и телото. При смртта на телото, несоединетите под-идентитети стануваат астрални фрагменти кои за да егзистираат почнуваат да бараат нов извор на животна енергија со која би можеле да се хранат, а тоа го наоѓаат кај луѓето.
Астралните фрагменти или под-идентитети најчесто остануваат помеѓу нас, поради некоја зависност и прекумерна приврзаност за нешто живо, поради недовршени работи на Земјата, прекумерната поврзаност за материјалното, потребата за одмазда, стравот од заминувањето во Светлината, стравот од „пеколот“ и слично.
Начинот на којшто ентитетот влегува во домаќинот може да биде намерен и ненамерен. Најчесто, ентитетот е привлечен од страна на вибрациите на домаќинот, а потоа кај него ги предизвикува оние состојби што му носеле задоволство во текот на сопствениот живот. Доколку некој премногу тагува за саканата личност која починала, таа состојба им отвора пат на ентитетите.
Ненамерните закачувања се случуваат најчесто поради емоционалните и физичките трауми, операции, долги боледувања, психички напади, консумација на дрога и алкохол, по пат на трансплантација на органи, во текот на бучни концерти, силување и слично, бидејќи ваквите случувања создаваат дупки во аурата и ги повикуваат ентитетите да влезат.
За да можат да егзистираат, на ентитетите им треба животна енергија која ја добиваат од луѓето. Луѓето кои се хронично уморни, ненаспани и безволни носат закачен ентитет во себе, бидејќи секој ентитет црпи енергија од својот домаќин, односно се храни од неговата енергија. Тука не се работи за каква било енергија. Ентитетите се хранат од енергијата на ниските вибрации, како што се страв, лутина, бес, лаги, тага, завист, омраза, себичност, гордост, љубомора и слично. Ентитетите егзистираат во такви домаќини.
Освен тоа, постои голем ризик од настанување астрален фрагмент при абортусот и ненадејната загуба на нероденото дете. Ваквите случувања се многу трауматични сами по себе, па затоа постои голема можност дека ќе остане некој астрален фрагмент од душата на нероденото дете. Доколку астралниот фрагмент на нероденото дете не се закачи на мајката, може да се закачи на некоја блиска личност која била присутна во моментот. Имало случај кога кај медицинска сестра која помагала при процесите на абортус, биле откриени и по 200 вакви закачени ентитети.
Фрагментацијата на свеста или под-идентитетите можат да се создадат и кај живите луѓе. Некои наши мисловни фрагменти може да се одвојат и да се врзат за друг човек. Тоа најчесто се случува помеѓу блиските луѓе. Овој мисловен фрагмент треба да се врати кај домаќинот, а може и целосно да се отстрани.
Симптоми на закачен ентитет
Ентитетите можат да се закачат за човечката аура и да го опседнат. При опседнувањето најчесто доаѓа до фобија, консумација на дрога, алкохол, хиперсексуалност, лоша исхрана, омраза кон другите луѓе, убиства, депресија, физичка слабост, постојана болка, несоодветни чувства, чудно однесување, неприродни особини, ненадејно лудило и слично.
Генералните симптоми се менување на расположението, промена на карактерот, недостаток на енергија, злоупотреба на дрога и алкохол, непристојни емоционални напади, импулсивно однесување, ненадејна депресија, ненадејна вознемиреност, слаба концентрација, проблеми со помнењето, самоповредување, криминално и насилно однесување, самоубиствени мисли, напади на паника, стравови, дебелеење, булимија, анорексија, постојаното одложување на клучни животни одлуки, копнеж по одредена храна и слично.
Местата каде што најчесто се закачуваат ентитетите се следниве: гробишта, болница, мртвачница, разни амбуланти, кафулиња, дискотеки, гостилници, јавни куќи, обложувалници, спиритуални групни сеанси и слични. Најризичните професии се медицински сестри, полицајци, пожарникари, доктори (психијатари и заболекари). Инаку, во САД највисока стапка на самоубиства има помеѓу заболекарите и психијатарите.
Сѐ е поврзано. Храната што ја јадеме, местата на кои работиме, луѓето кои влегуваат во нашата аура и нѐ допираат, сето тоа е од големо значење за нашето здравје. Некои луѓе веруваат дека ракот, всушност е еден вид ентитет. Многу е важно да знаете дека секогаш можете да одберете како сакате да се излечите. Изворот на помош никогаш не е некаде надвор, туку внатре во нас самите.
Сте чуле за луѓето сенки? Прочитајте што треба да знаете за овој застрашувачки феномен!
Како се чистат и отстрануваат овие ентитети ако се закачени? во текстот не давате насока како да се очистат и отстранат овој тип на ентитети од луѓето.
Поздрав,