Столбот на сигурноста и стабилноста: Зошто треба да ги чувате силните луѓе во својот живот?
За време на бурата, тенката трска само се витка, а борот се крши и умира засекогаш, вели една стара кинеска поговорка. Силните луѓе не се одговорни само за себе и своите најмили, туку и за целиот свет кој успеал да достигне до нивната орбита, затоа што силата привлекува, велат физичарите.
Силните луѓе не се воопшто поотпорни и поистрајни од останатите. Едноставно, тие знаат дека немаат право да го напуштаат овој свет, сѐ додека знаат дека уште постојат луѓе кои зависат од нив. Тие се во состојба и во најтешките моменти кои ги поминуваат да скокнат во студените длабоки води за да спасат некој кој се дави, да го донесат до копно, да се уверат дека не им е ништо и дури тогаш да си обрнат внимание на себе.
Силните луѓе понекогаш се многу осамени, но не затоа што сакаат да бидат сами туку затоа што се силни. Тоа е нивниот животен парадокс. Никој не би претпоставил дека и таквите луѓе можат да поминуваат низ тешки, осамени, тажни и болни периоди. Силните луѓе чекорат лесно по земјата и знаат кога треба да молчат. И, можеби со нив не е секогаш удобно и пријатно, но затоа е сигурно и безбедно. Тоа е нивната поддршка која секогаш доаѓа на помош во последниот момент. Чувајте ги силните луѓе околу себе, бидејќи тие се вашиот столб на стабилноста и безбедноста и можете да бидете сигурни дека никогаш нема да ве напуштат.