Претходно
Сте виделе ли некогаш птица со мустаќи?
Пронајдена покрај каменливото пацифичко крајбрежје од северно Перу па кон југ, до централно Чиле, оваа уникатна птица од видот крачка-инка е лесно препознатлива по нејзиното темно сиво тело, портокаловите клун и нозе и секако, по белите дедовски завиткани мустаќи. 🙂За жал, популацијата на овој вид птици значително опаѓа, како резултат на недостаток од соодветни области за гнездење. Преостанати се само 150.000 птици, кои се класифицирани во категоријата „речиси загрозени“. Овие фотографии се направени од различни фотографи, а во нив главната улога ја игра оваа неверојатна птица со бел мустаќ. 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.