Сте се запрашале ли некогаш зошто тетоважите се трајни?

Сте се запрашале ли некогаш зошто тетоважите се трајни?

Илјадници години наназад луѓето ги користеле тетоважите за да комуницираат и да ги споделуваат религиозните верувања, да ги почитуваат племенските традиции, да го покажат социјалниот статус и да се потсетат на таа вечер кога биле многу пијани на факултет и решиле да го посетат салонот за тетовирање. Тетоважите се по потекло од Америка, но се голем дел од секоја култура.

Сте се запрашале ли некогаш зошто тетоважите се трајни?

Природно, многу љубители и не толку големи обожаватели се запрашале како е возможно тетоважите да останат трајно исцртани на нашата кожа? Според научните истражувања, нивната трајност е толку долга што дури била пронајдена и 5.300 години стара мумија која имала сѐ уште видливи и препознатливи тетоважи. Во тој контекст, прочитајте зошто всушност тетоважите се толку трајни и неуништливи.

Кожата е нашата прва борбена линија која застанува во одбрана на телото од страни и несакани бактерии и микроби. Таа може самата да се излечи кога е повредена, да ги затвори отворените рани и константно да се обновува, ослободувајќи се од мртвите клетки и создавајќи нови. Тогаш, како е возможно една игла и малку мастило да имаат толку голема дерматолошка моќ на трајност и перманентност?

Тоа се случува бидејќи иглата всушност го исцртува мастилото под епидермисот, односно надворешниот слој на кожата, во дермисот, односно вториот слој. Бидејќи дермисот не се ослободува од мртвите клетки и не ги отстранува старите како епидермисот, мастилото останува и не може да исчезне.

Се разбира, процесот на ставање мастилото дури до дермисот го информира имунолошкиот систем дека има закана за организмот и се испраќа соодветна дразба до мозокот. Белите крвни зрнца доаѓаат да ги уништат „напаѓачите“, но молекулите на пигментот се преголеми, па тоа нема ефект. Затоа, при првото тетовирање, кога организмот не е навикнат на ваквиот процес, некои од луѓето можат да искусат главоболки, вртоглавици, мачнина па дури и покачена телесна температура.

Единствениот начин да се отстрани една или повеќе тетоважи е тоа да се направи со ласер. Тој ги гори молекулите на пигментот и ги прави доволно мали за имунитетот да ги отстрани. Се вели дека овој процес е поболен од тетовирањето, па доколку сметате дека ќе се каете ако направите некој дизајн на тетоважа за кој не сте сигурни, тогаш не брзајте и размислете подобро со што навистина би сакале да го исцртате телото и какво значење би имала таа тетоважа за вас. Во продолжение, погледнете го информативното видео на „AsapTHOUGHT“ и дознајте нешто повеќе околу оваа тема.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар