Сте нашле влакно во храната? Колку е тоа опасно за вашето здравје?

Сте нашле влакно во храната? Колку е тоа опасно за вашето здравје?

Многумина чувствуваат згрозеност кога ќе најдат влакно во своето јадење, нечиста школка во јавен тоалет или инсект во храната. Но, што мислите, колку навистина се опасни овие нешта за вашето здравје?

Сте нашле влакно во храната? Колку е тоа опасно за вашето здравје?

Коса во храната

Кога ќе здогледате туѓо влакно во вашата чинија, сигурно инстантно ви се згадува. Но, експертите за здравје тврдат дека не постојат никакви опасности од ширење болести на овој начин. Верувале или не, влакната се состојат од протеинот наречен кератин и не пренесуваат патогени. Дури и да се контаминирани, тие не можат да предизвикаат здравствени проблеми. Можно е бактеријата стафилокок што предизвикува дијареја да остане на вашата дланка и потоа со допир да ја пренесете до вашата уста и голтнете, но шансите да се случи тоа се многу мали.

Јавен тоалет

Кога ќе влезете во јавен тоалет, сигурно првото нешто на што помислувате се многубројни болести и бактерии. Но, шансите да се здобиете со бактеријата ешерихија коли се многу мали. Во случај да седнете на школката, вие ќе ја допрете со вашата кожа, а експертите тврдат дека е многу тешко бактериите да поминат низ неа. Потребен е допир со слузокожата со цел да се пренесат, па затоа шансите за зараза се мали. Исто така, ако не се во допир со човечки организам, бактериите не можат долго да преживеат. Сепак многу е важно да ги измиете вашите раце пред и по одењето во тоалет, бидејќи допирате кваки и други предмети, па ако бактеријата се закачи на вашите дланки, можете случајно да ја пренесете и на вашата уста со допир.

Инсект во храната

Апетитот нагло паѓа кога некој ќе види бубачка или инсект кој плива во својата домашната супа. Но, експертите тврдат дека тие воопшто не се штетни. Дури и да се случи случајно да „консумирате“ инсект, тој ќе има добро влијание на вашиот организам бидејќи е полн со протеини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар