Стари народни верувања: Моќта на прстените и нивното значење
Уште од дамнешно време прстенот се сметал за амајлија и симбол на моќ. Се верувало дека тој може да ви донесе среќа и заштита од животните потешкотии и опасности. Ако го носите овој накит, тогаш мора да знаете и за енергијата која во него се наоѓа.
Според едно популарно народно верување, прстенот кој сте го наследиле од вашата мајка има магична заштита. Тој може да ве заштити од зло и да ви помогне при решавањето на сложените проблеми во животот. Се верува дека тој може да привлече љубов и среќа во вашиот живот, како и да ве заштити од непријателите и завидливоста. Ако прстенот се пренесувал од генерација на генерација, тој има силна енергија во себе.
Ако имате прстен од личност која повеќе не е меѓу живите и го носите на себе како украс, внимавајте, бидејќи тој може да е опколен со негативна енергија која ќе ви донесе пречи во вашиот живот. Вие не би требало да земате изгубени прстени, бидејќи тие во себе носат непозната енергија која може лошо да влијае врз оние кои ги нашле и ставиле на својот прст.
Ако го изгубите вашиот веренички прстен, тоа може да најавува одвојување од љубената личност. Прстените кои ги размениле невестата и младоженецот се сметаат за симбол на единство и љубов. Тие се дизајнирани за да го заштитат семејниот живот од сите неволји. Па, ако за време на церемонијата на венчавањето го испуштите прстенот, тоа најчесто е лош знак. Порано се верувало дека ова значи брз развод, па дури и смрт на еден од сопружниците. Исто така, по разводот не е убаво да се носи бурмата бидејќи тоа може да ви предизвика да останете долго време сами.
Внимавајте никогаш да не носите прстен со пукнатини и недостатоци. Исто така, ако прстенот го изгуби својот изворен облик, тоа значи и дека ја изгубил својата моќ. Во тој случај не може да ви донесе ништо добро, па најубаво е да го замените. Од друга страна пак, невестите никогаш не треба да ја носат бурмата врз ракавици бидејќи тоа може да им донесе несреќа и солзи во брачниот живот.
Никогаш немојте да ја потценувате магичната моќ која ја имаат во себе прстените, бидејќи тој одамна се сметал за симбол на сила, авторитет и заштита. Доколку го имате на себе, тој може да ве заштити од опасност дури и во најтешките моменти, да ви помогне побрзо да ги решите проблемите и да ви даде сила.