Стара загатка со скршена вазна која и ден-денес ги збунува луѓето: Ќе успеете ли вие да ја решите?

Стара загатка со скршена вазна која и ден-денес ги збунува луѓето: Ќе успеете ли вие да ја решите?

Уште во минатото постоеле загатки кои ги измислувале луѓето, а со тоа се терале да размислуваат и да го развиваат својот ум и својата имагинација. Во продолжение погледнете ја оваа стара загатка која сѐ уште успева да збуни многу луѓе. Добро размислете и обидете се да ја решите.

Стара загатка со скршената вазна која ги збунува луѓето: Ќе успеете ли вие да ја решите?

Еден човек повикал инспектор за да му помогне…

„Вчера си дојдов дома малку порано од вообичаено. Само што седнав да вечерам, слушнав дека нешто падна во собата на мојата сопруга. Веднаш истрчав таму и на подот ја забележав омилената вазна на мојата сопруга која ја чуваше како очите на главата. Секако, таа беше скршена. Во истиот момент, некој човек истрча од куќата, а јас побрзав по него. Но, веднаш штом излегов, очилата ми се замаглија од студенилото, па натрапникот ми избега. Ве молам помогнете ми да го пронајдам, сигурен сум дека нѐ ограби. Впрочем, како да ѝ објаснам на мојата сопруга, која утре се враќа дома од одмор, дека нејзината омилена вазна е скршена?“, објаснил човекот.

„Најпрво, не разбирам зошто толку се плашите од својата сопруга. Од неа се плашите, а мене ме лажете. Подобро кажете ѝ што навистина се случило“, рекол инспекторот и си заминал.

Што мислите вие, зошто инспекторот толку остро му одговорил на својот клиент? Како тој знаел дали ја зборува вистината или не? Ако и по неколку минути размислување сепак не успевате да дојдете до решението, одговорот погледнете го во продолжение.

  • Сакам да го откријам решението

    Инспекторот знаел дека човекот не ја зборува вистината затоа што очилата се замаглуваат само кога од ладно, ќе преминете кон топло, а никако во обратен случај!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар