Стара персиска приказна: Искуството е најдобриот учител
За да надминеме некој страв и да стекнеме искуство, потребно е директно да се соочиме со него, пред целосно да нè обземе и да нè спречи да уживаме во животот. Стравот ограничува и прави да заборавиме на многу пострашни нешта кои им се случуваат на други, а ние сме заштитени од нив. Така се случило и со исплашеното момче од оваа древна персиска приказна…
Еден владетел патувал со брод, а со него било и момче од Персија, кое претходно никогаш не било на поморско патување. Момчето било исплашено, почнало да плаче, а целото тело му се тресело. Колку и да го тешеле и охрабрувале, тоа не можело никако да се смири. Таквото однесување го изнервирало владетелот, бидејќи ниту еден обид не дал позитивен резултат.
Со бродот патувал и еден мудар човек, кој на владетелот му побарал дозвола да се обиде да го смири момчето. Откако добил одобрување, наредил момчето да се врзе со јажиња и да се фрли во морето неколку пати. Откако го потопиле во водата, го вратиле на палубата. Момчето се повлекло настрана, смирено и веќе не му се чул гласот.
На прашањето на владетелот каде се крие мудроста во ваквиот потег, мудрецот одговорил:
„Ова момче никогаш не ја искусило маката на давениците, затоа и не можеше да ја разбере сигурноста која ја има на бродот. Вистинската вредност на среќата ја разбира само оној кој некогаш бил во тешка и навидум безизлезна ситуација.“
Прочитајте ја и оваа поучна приказна што ќе ве замисли и ќе ви ја открие тајната на вечната љубов…