Станувате зрели кога сексот ќе престане да ви биде на прво место
Речиси половина учесници од едно истражување кое го спровело интернет порталот за пронаоѓање партнер www.seekingarrangement.com, сметаат дека 28-та година од животот претставува пресвртница, односно точка во која се напушта младоста и се влегува во светот на возрасните, зрели години.Според мислењето на испитаниците меѓу кои имало и мажи и жени, промените најмногу се чувствуваат во односот кој го имаме спрема работата и интимниот живот. Така на пример, на жените кои наполниле 28 години најважна им станува кариерата, а самата работа им станува побитна дури и од сексуалниот живот. Истражувањето покажало многу слични промени и кај мажите. И тие стануваат многу сериозни. За поголемиот дел од припадниците на посилниот пол, односно 40 отсто, зрелата доба започнува на 28 години, а 30% од нив пак, сметаат дека преломна година претставува 30-тата.
Стручњаците составиле листа со работи кои ќе ви помогнат да ги препознаете симптомите дека веќе не сте во цутот на младоста:
- Моментот кога првпат ќе се откажете од сексот, зошто наутро имате важен состанок.
- Веќе некое време немате поим кои песни се наоѓаат на врвот на топ листите.
- Размислувате за купување недвижен имот, бидејќи ви е смачено од изнајмување станови или живеење под ист покрив со родителите.
- Не ви е веќе толку драго навечер да лудувате по клубовите.
- Повеќе сакате да готвите и подготвувате храна во вашиот дом, бидејќи од брзата храна не се чувствувате добро.
- Наместо да одите на одмор со пријателите, повеќе би сакале да отидете со саканата личност.
- Не сакате веќе само да се забавувате со девојки/момци, туку сакате да имате заедничка иднина со некоја личност, па дури и да склучите брак.
Сепак, вистината е дека зрелоста не може да се мери со годините и степенот на сериозност зависи од личност до личност. Додека некои луѓе стануваат многу сериозни и на 20 години, некои и во својата шеста деценија, се однесуваат како несериозни деца.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.