Станови на јапонски минималисти кои ќе ве натераат да сфатите колку непотребни работи чувате
Сега во станот на Фумио Сасаки има околу 200 предмети. Претходно неговиот дом бил натрупан со ѓубре и непотребни работи. Тој бил мрзлив, се жалел дека нема доволно пари и немал време за неговите хобија. Но сето ова се променило кога слушнал за минималистичкиот начин на живот.
Воглавно, традиционалната јапонска култура е позната по едноставноста и зенот – филозофија која има за цел да го исчисти вашиот ум. Поради ова, многу познати минималисти потекнуваат токму од Јапонија. Тие ја одбиваат модерната култура на потрошувачи и ги поседуваат само неопходните работи. Овој животен стил почнува да се прославува и на Западот. Па, погледнете ги апартманите на 4-ца минималисти од Јапонија и можеби и вие ќе посакате да го промените вашиот живот.
Апартманот на Фумио Сасаки
Сега Сасаки има само 3 маици, 4 пара чорапи, 2 палта и уште неколку други парчиња облека. Во неговиот тоалет има жилет, ножици и сапун што го користи за лице, коса, па дури и за садови. Еве како изгледал неговиот дом претходно:
Неговиот дом бил полн со предмети. Немал доволно полици за сите книги, а голем дел од нив воопшто не ни почнал да ги чита. Неговата колекција со филмови и музика зафаќала многу место. Во гардероберот имал премногу облека, што исто речиси и да не ја носел. Имал дури и гитара и појачало за кои никогаш немал време.
Секоја вечер, Сасаки седел пред телевизија и пиел пиво. Се будел доцна, одел на работа и навистина го мразел неговиот живот. Постојано се споредувал со другите и не можел да си го промени животот. Дури раскинал и со девојка му бидејќи не можел да ѝ овозможи ништо.
Но, сè се променило кога Сасаки прочитал некој текст за минимализмот. Сфатил дека нередот го иритира, но немал доволно енергија да го исчисти домот бидејќи имал премногу предмети.
Му била потребна цела година за да се ослободи од непотребните работи. Дел од работите им ги дал на пријателите, а колекцијата со филмови и музика ја однел во продавница. Ги скенирал сите фотографии и писма за да може да ги чува во дигитална верзија. Неговиот апартман има само 20-тина квадрати, но сега изгледа многу поголем.
Со просторот, се исчистил и умот на Сасаки. Сега тој е физички активен и во слободно време кампува на планините. Тој верува дека луѓето забораваат дека можат да ги напуштат нивните домови. Сасаки сака да ги троши неговите пари на патување, добра храна, дружење и личен развој. Предметите повеќе не му се важни. Тој има сè што му е потребно, не одбира облека секое утро, не минува часови барајќи го совршениот шампон и троши само 2 минути за да го исчисти неговиот под.
Апартманот на Катсуја Тојода
Во апартманот на Тојода има само работна маса, гардеробер и душек за спиење кој го става во гардероберот кога не спие. Тој нема никакви непотребни работи во кујната и тоалетот. Исто така и целата облека на Тојода е минималистичка.
Продолжува на следната страница…