Стаклени колиби за релаксација во Шведска

Стаклени колиби за релаксација во Шведска

Дали се сеќававте кога сте биле мали и кога вашите родители ве испраќале во собата бидејќи не сте биле мирни? Зарем не сте посакале да можете да го направите тоа и со некој возрасен? Во Шведска тоа е возможно. Ова е мала колиба од стакло која е опкружена со природа и е дизајнирана со цел да им помогне на луѓето кои се многу изложени на стрес. Ова е еден вид рехабилитација за луѓето на кои им е потребен краток одмор.

(1)stakleni-kolibi-za-relaksacija-vo-shvedska-kafepauza.mk

За да проверат дали работи, Швеѓаните испраќаат по 5 луѓе во овие кабини. Целта е да се види дали овие луѓе кои имале многу стресни работни места, ќе успеат да се смират во ова опкружување.

(2)stakleni-kolibi-za-relaksacija-vo-shvedska-kafepauza.mk

Програмата трае по 72 часа и ги проучува ефектите на природата врз луѓето. Тие се надеваат дека ќе откријат какво е физичкото и психичкото влијание на природата кога луѓето се под стрес.

(3)stakleni-kolibi-za-relaksacija-vo-shvedska-kafepauza.mk

Можеби не сте знаеле, но Швеѓаните имаат уникатна врска со природата. Можеби ова ја објаснува нивната смиреност. Сега тие сакаат да ги охрабрат и другите земји да го прават истото.

(4)stakleni-kolibi-za-relaksacija-vo-shvedska-kafepauza.mk

Во овој случај тие не ги судат луѓето, туку само сакаат да им помогнат. Кога посетителите ќе ја научат врската помеѓу жителите и нивното опкружување, можеби ќе научат како да го подобрат квалитетот на својот живот.

(5)stakleni-kolibi-za-relaksacija-vo-shvedska-kafepauza.mk

Овој проект ќе истражува какво влијание има слободното „лутање“ на луѓето. Ако функционира, сакаат да го применат овој проект на места каде што луѓето се најмногу изложени на стрес.

(6)stakleni-kolibi-za-relaksacija-vo-shvedska-kafepauza.mk

Испитаници доаѓаат од целиот свет. Има новинар од Лондон, таксист од Париз, организатор од Њујорк… Секој од нив ќе треба да помине 3 дена во посебна колиба.

(7)stakleni-kolibi-za-relaksacija-vo-shvedska-kafepauza.mk

Колибите се сместени во западна Шведска. Испитаниците ќе немаат пристап до надворешниот свет, сè со цел да им се ослободи време за релаксација, прошетки, риболов, пливање… Резултатите се очекуваат во октомври.

(8)stakleni-kolibi-za-relaksacija-vo-shvedska-kafepauza.mk

Ако и вам ви е потребно опуштање и одмор, погледнете ги овие одлични совети за релаксација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар