Стаклен под на височина од 1.430 метри
Националниот парк Зангијајие во Кина понуди досега нешто невидено во светот. Иако сите знаеме дека познатите и најголемите облакодери низ светот нудат можност да погледнете низ стаклен под како изгледа светот под вас, сепак, кога станува збор за стаклениот под на планината Тијанмен, зборуваме за 3-4 пати поголема височина.Тој нуди кристално јасен и возбудлив поглед на височина од 1.430 метри. Мостот е долг 60 метри, а посетителите кои сакаат да го поминат, мораат да облечат навлаки над своите обувки, најверојатно за да не го извалкаат, бидејќи неговото чистење може да биде долг макотрпен процес. Стаклото е дебело 6,5 сантиметри и претставува одлична замена за мостчињата околу овие планини кои се направени од безброј несигурни штици.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.