Среќните луѓе се придржуваат до овие правила: Принципот на познатиот филозоф Парето ќе ви го промени животот

Среќните луѓе се придржуваат до овие правила: Принципот на познатиот филозоф Парето ќе ви го промени животот

Според Парето принципот, познат и како принцип 80/20, можете да постигнете сè во животот само ако научите да им приоѓате на вашите цели на вистински начин.

Среќните луѓе се придржуваат до овие правила: Принципот на познатиот филозоф Парето ќе ви го промени животот

Овој принцип може да се примени во сите аспекти од вашиот живот: личен развој, напредување во кариерата, физички изглед и сè друго што планирате да постигнете.

Вилфредо Парето тврди дека ако сакате да успеете, мора да престанете да се фокусирате на повеќе работи истовремено, но да размислите кој е вашиот сегашен приоритет и целата енергија да ја насочите кон постигнувањето токму на таа цел.

Примена на принципот во љубовната врска

Со помош на овој принцип, можете да ги подобрите односите со вашиот партнер или со семејство. Ако често имате несогласувања, потсетете се на сите кавги што сте ги имале во последно време и што ги предизвикало.
На тој начин, ќе разберете што точно ве мачи и ќе можете да започнете да работите на конкретниот проблем и неговото решавање.

Парето принципот во финансиите

Ако сè уште не сте научиле да управувате со финансиите, Парето принципот ќе ви помогне и во тој сегмент од животот. Многу е едноставно: поделете ги сите трошоци во неколку категории – сметки, храна, слободно време, облека…

На овој начин сигурно ќе го спречите непотребното трошење и ќе можете да потрошите само онолку пари колку што сте издвоиле.

Зголемете ја продуктивноста

Напишете ги сите дневни обврски на парче хартија и пресметајте колку време трошите на секоја од нив неделно. На овој начин ќе видите која активност ви одзема најмногу време, што можете да промените и дали можете да ги реорганизирате тие активности.

Кога вака гледате на работите во животот, многу е полесно да ги контролирате и да ги менувате.

Истите правила важат за сите други аспекти на животот. Пред да започнете да ги постигнувате своите цели, размислете за она што ви е најважно и насочете го целото внимание на тоа. Кога ќе ја вложите силата во одредена цел, успехот е загарантиран.

Прочитајте ги и овие 20 животни принципи на психологот Валериј Синелников.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар