Среќни денес, посреќни утре: Во што се состои тајната на радоста и животните задоволства?

Среќни денес, посреќни утре: Во што се состои тајната на радоста и животните задоволства?

Заборавете на големите цели кои ви ја уништуваат среќата во овој момент. Барајте ги оние големи цели кои ве прават да се чувствувате исполнето и задоволно и да не ја губите надежта дека еден ден можеби ќе ги остварите. Понекогаш не сме свесни за реалноста и немаме одговори дури ни за наједноставните животни прашања кои сме ги изгубиле барајќи ја смислата и идејата. Во тој контекст, прочитајте ги следниве 5 прашања кои ќе ве направат посвесни и ќе ви помогнат да го промените својот живот на подобро.

Среќни денес, посреќни утре: Во што се состои тајната на радоста и животните задоволства?

1. Што чувствувате?

Нашите чувства и емотивни реакции го одржуваат она што го вреднуваме. Доколку сте лути или разочарани, тоа ја отсликува вашата нескладност со вашите вредности. Негативните емоции покажуваат кршење на вредностите. Од друга страна, позитивните емоции како задоволството и возбудата покажуваат дека вашите вредности се потврдени. На пример, ако некој ве пофали на работното место за вашиот вложен труд и време, вие ќе почувствувате пријатни емоции за добро завршената работа.

2. Што набљудувате?

Од моментот кога ќе ги отвориме очите, ние го набљудуваме светот околу себе. Иронично, но вистинито е дека всушност не знаеме што е тоа што се наоѓа во нашата опсервација. Концентрирајте се и ќе ги видите работите кои ви се пред носот, а ќе научите и да ги цените. Размислувајте за своите емоции и постапки, за она што другите го сакаат, набљудувајте го светот околу себе и не дозволувајте секојдневието да ве спречува да ги гледате очигледните работи.

3. Што мислите?

Доколку се посветите на своите ментални забелешки, појасно ќе ги разберете своите чувства. Често луѓето се плашат од промените или се плашат да стапат во нови врски со другите луѓе, особено ако искусувале проблеми со својот претходен партнер. Разбирањето на вашите мисли доведува до разбирање на вашето однесување бидејќи тоа произлегува од мислењето. Ако научите да го истакнете своето мислење, да го разложите и критички да го процените, веќе сте направиле многу за себе.

4. Што посакувате и зошто?

Кога јасно знаете што е она што го сакате тогаш ја разбирате и својата намена. Кога го знаете одговорот на овие прашања, свесни сте за своите избори. Недостатокот од јасност доведува до неостварени аспирации. Доколку намерите ви се јасни, ќе го постигнете она што го сакате. Запрашајте се зошто е тоа така, што е тоа што сакате да го разјасните и ќе ги идентификувате своите вредности. Кога ќе знаете зошто, полесно ќе ги оправдате своите неуспеси и ќе ја зголемите својата мотивација и одлучност.

5. Каде е вашиот фокус?

Одговорот на ова прашање ќе ви донесе многу одговори во животот. Вашите резултати се последица на вашиот фокус. Често ќе бидете разочарани со животот и со ситуациите во кои се наоѓате. Размислете зошто е тоа така и кои се всушност вашите цели. Лошите работи не треба да бидат во фокус. Не оптоварувајте се со тоа што го немате, туку одете кон тоа што сакате да го имате. Средиштето на вниманието е она што го одредува вашиот живот и големиот извор на моќта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар