Спуштете го смартфонот: 4 знаци дека технологијата ви го заробила животот

Спуштете го смартфонот: 4 знаци дека технологијата ви го заробила животот

Дали ви се случува често да помислите дека вашиот телефон вибрира или ѕвони дури и кога тоа не се случува? Станува збор за вистинска состојба која е позната како „Phantom Phone Vibration Syndrome“ и изгледа дека сè поголем број луѓе почнуваат да ја доживуваат.

Спуштете го смартфонот: 4 знаци дека технологијата ви го заробила животот

Една студија од 2013 година открила и зошто отворањето Фејсбук може да ги направи корисниците љубоморни и депресивни. Истражувачите заклучиле:

„Воглавно, споделената содржина не мора да биде експлицитно фалбаџиска за да покрене чувства на завидливост. Всушност, осамените корисници можат дури да бидат љубоморни и за големиот број роденденски честитки кои нивните ‘попопуларни’ пријатели ги добиваат на својот ѕид. Од друга страна пак, доволно е само една едноставна промена од ‘сингл’ во ‘во врска’ со цел да предизвика емоционален хаос за некој кој неодамна поминал низ раскинување.“

Фактот дека овие проблеми не постоеле пред 10-тина години ни докажува дека ние сме толку зависни од технологијата што таа има моќ секојдневно да влијае врз нашата физичка и ментална добросостојба. Погледнете ги следниве 4 начини на кои технологијата го презела нашиот живот:

1. Првото нешто што го гледате откако ќе се разбудите е вашиот смартфон

Сигурно голем дел од вас можат да се пронајдат во следното сценарио: Алармот ви заѕвонува, вие се будите и веднаш ги проверувате нотификациите од социјалните мрежи. Постоеше едно време во минатото кога лежевте во вашиот кревет и мечтаевте за вашиот ден, животни цели, симпатијата… Или пак, не правевте ништо и неколку минути едноставно уживавте во апсолутната тишина. Но, изгледа тие денови се одамна поминати. Сега технологијата е нашата дрога и ние едноставно не можеме да поминеме без нашата дневна доза. Дури потоа нашиот ден може да започне.

2. Возите невнимателно

Оваа карактеристика не само што е опасна, туку исто така може да биде и смртоносна. Дури и покрај тоа што ги знаете статистиките на повреди и смрт за време на сообраќајни несреќи предизвикани од невнимание, сепак ова продолжува да се случува. Вие едноставно не можете да се воздржите да не одговорите на пораките или мејловите во истиот момент кога ќе ги добиете. Без разлика колку се тие неважни. И секако, кој сака да чека додека е заглавен во густиот сообраќај? Бидејќи нема што друго да се прави, интернетот е тука да пружи забава. Дa го тргнете вашиот поглед од патот на само неколку секунди, додека возите со 80 километри на час е исто како и да поминете должина на фудбалски терен со врзани очи. Зарем тоа навистина вреди? Дури и по цена на нечиј живот?

3. Опседнати сте со селфи фотографии

Колку пати во текот на денот се сликате без особена причина? Изгледа во последно време луѓето постојано наоѓаат време да ја свртат камерата на својот мобилен телефон и да кликнат на копчето за фотографирање. Без разлика дали станува збор за пиење утринско кафе, одење на работа, работење, враќање кон дома, лежење пред телевизор… Станува збор за опсесија на луѓето да покажат дека не поминува ден кога тие не се кул, атрактивни, без пријатели… Тие сакаат да покажат дека живеат епски живот. Но, реалноста е дека животот понекогаш е здодевен и дека нема потреба да се фотографира секоја секунда од она кое ни се случува. Понекогаш дури и се пропуштаат важните моментите во обид да се овековечат со фотографија. Размислете…

4. Не постои поголем страв од оној да го изгубите вашиот смартфон

Големи се шансите дека целиот ваш живот се наоѓа на вашиот мобилен уред. На пример, дали некој од вас ги помни броевите на вашите најблиски или мора да ги барате низ именикот за да им се јавите? Како стоите со лозинките? Или и тие ви се некаде на мобилниот, па затоа и сте си дозволиле да ги заборавите? Доволно е едно едноставно скенирање на вашиот смартфон со цел да се открие каква личност сте. Таму се наоѓа сè за вас, сè што ве прави оние кои сте, сè што сметате дека е важно, од добро до лошо. Ако подобро размислите, секој смартфон е како кутијата на Пандора. Но, по многу години, што мислите, кој момент ќе го помните повеќе – патувањето со вашите пријатели или смешната порака која сте ја пратиле со емотикон од девојка која танцува?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар