Спортски модел од Порше Панамера
Возилото „Porsche Panamera GTS“ е седан со 4 врати, кој за разлика од „Panamera 4S“, моделот на кој е базиран, е помоќен за 30 коњски сили. Сумирано, новиот 4,8-литарски V8 мотор сега има моќност од 424 коњски сили. Има автоматски менувач, а придвижувачката моќ се распоредува на сите тркала. Развива брзина од 0 до 100 километри на час за само 4,3 секунди, а максималната брзина му изнесува 290 километри на час.За разлика од моделот врз основа на кој е направен, возилото е спуштено за 10 милиметри. Внатрешноста на возилото е целосно направена од кожа, а моделот си доби и соодветни спортски седишта. Овој модел на „Порше“ на пазарот треба да се појави во февруари идната година, а цената би изнесувала 90.500 фунти.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.