Според новите студии, жените со овој вид сопрузи се посреќни во бракот

Според новите студии, жените со овој вид сопрузи се посреќни во бракот

Кога фантазирате за вашата свадба од соништата, дали сонувате за принц кој е многу повисок од вас? Можеби оваа фантазија ве води во вистинската насока.

Според новите студии, жените со овој вид сопрузи се посреќни во бракот

Една неодамнешна студија открила дека големата разлика во висината помеѓу партнерите води кон посреќен брак. Вие никогаш не би помислиле дека висината би можела да има влијание врз среќата во бракот, но истражувачите од Универзитетот Конкук го откриле токму спротивното. Сепак постои скриено времетраење на оваа придобивка, исто како и во секоја бајка. Среќата од разликата во висината трае само 18 години. Но, тоа не е мал временски период, па затоа дури и самовилите би ви гарантирале уште поголема среќа понатаму.

За оваа студија, 7.850 жени ја споделиле нивната висина, како и висината на нивните партнери и потоа одговарале низа прашања за статусот и здравјето на нивната врска. И покрај тоа што причината зошто жените се привлечени од високи мажи веќе била истражувана, тоа што се случува по почетокот на врската не било анализирано. Водечкиот истражувач, д-р Китае Сон вели:

„И покрај тоа што веќе е добро познато дека жените преферираат повисоки мажи за партнери поради еволуциони причини, ниту една студија досега не истражувала дали повисокиот сопруг ја прави својата сопруга посреќна.“

Постојат многу причини зошто повисоките сопрузи се поврзуваат со посреќни жени. д-р Китае Сон објаснува:

„Една од најинтересните вредности на висината е фактот што жените едноставно сакаат високи мажи, без да можат да објаснат зошто. Ова е слично како желбата на луѓето да јадат мрсна и солена храна, без да знаат точно зошто им се допаѓа. Тоа што не е општо познато е дека оваа храна е клучна за преживување бидејќи била дел од човековата еволуција. Затоа и има толку големо влијание. На сличен начин и висината на мажите им влијае на жените при одбирањето партнер.“

Бидејќи (од еволуциони стандарди) жените имаат партнер со повисок квалитет, тие имаат тенденција и да гледаат на својата врска во попозитивно светло. За жал, ова светло со тек на време слабее и по 18 години жените се исто толку среќни како и оние кои имаат иста висина со својот партнер или се повисоки од нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар