Според науката, слушањето тажни песни може да го подобри вашето расположение
Сите ние имаме лоши денови и секој од нас има сопствен начин на кој се справува со нив. Некои луѓе обожаваат да шетаат надвор. Тие пешачат бесцелно, дишејќи свеж воздух и размислуваат за тоа што во моментот им се случува. Се обидуваат со секој нареден чекор сè повеќе да се релаксираат. Други пак, сметаат дека единственото нешто што може да им помогне е напорно вежбање. Без разлика дали станува збор за стресен ден на работа или мала караница со партнерот, трчањето на лента им помага да го исфрлат сиот гнев од нив.
Но, постојат и луѓе чии најдобар лек за лошите моменти е музиката. Таа има неверојатна моќ да влијае врз вашето расположение во секој момент, зависно од жанрот. Не постои универзален жанр кој е добар за секој човек, бидејќи различни песни допираат до различни луѓе. Вашиот вкус за музика покажува многу нешта за вас, тој им овозможува на другите луѓе да допрат до вашата душа. Имајќи го ова на ум, според едно неодамнешно истражување тажната музика може да има најголемо влијание врз луѓето и е најдобра за вашата душа во тешките моменти.
Според резултатите добиени од ова истражување, тажната музика може да има огромен ефект врз слушателот, но не начин на кој вие мислите. Тажната музика може да го подобри вашето расположение и да влијае позитивно врз вашата емоционална добросостојба. Една од најинтересните заклучоци до кои дошла оваа студија била поврзани со носталгијата. Изгледа тажната музика може да нè направи носталгични за посреќните моменти и места од нашиот живот, притоа подобрувајќи го нашето расположение. Со навраќање на среќните моменти, носталгијата нè потсетува какви сме биле и како сме надминале слични потешкотии во минатото, давајќи ни надеж за иднината.
Но, што е тоа кај тажните песни што прави тие да имаат ваков ефект врз луѓето? Според научниците, текстот. Наводно зборовите во тажните песни ги поврзува артистите со нивната публика. Ако се идентификувате со зборовите, вие ќе станете емпатични кон вокалите и ќе сфатите дека постојат и други луѓе кои го искусуваат истото како и вие. На тој начин ќе најдете утеха и многу брзо ќе ви стане подобро.