Според науката, паровите кои се расправаат живеат подолго

Според науката, паровите кои се расправаат живеат подолго

Лесно е да претпоставиме дека повеќето луѓе мразат да се расправаат со нивните партнери – само помислете на последната расправија со вашиот партнер. Но, во животот секогаш ќе постојат несогласувања кои можат да создадат напнатост во вашиот дом. Сепак, изгледа дека сè си има своја добра страна, вклучувајќи ги и расправиите со саканите.

Според науката, паровите кои се расправаат живеат подолго

Расправиите можат да бидат корисни ако знаете едно нешто

Имено, семејните конфликти не секогаш се лоши за вашето здравје. Можеби нема да верувате во ова кога ќе помислите на непријатните емоции кои доаѓаат со расправањето. Понекогаш ви е дури тешко да дишете или да се смирите за време на расправија.

Сепак, според едно ново истражување, семејните конфликти можеби се клучни за подолг живот. Но, секогаш постои „Но“. Истражувачите истакнале дека ако сакате да имате подолг и поздрав живот, потребно е да имате ист „стил“ на расправање со вашиот партнер. Ова е единствениот начин нештата да функционираат.

Науката зад откритието

Истражувањето се фокусирало на 192 брачни парови во период од 32 години. Главната цел била да се открие дали расправањето на партнерите има влијание врз смртноста. Секој пар одговарал прашања за конфликтите во семејството и начинот на којшто се справуваат со нив.

Според резултатите, поголемата разлика во начинот на реагирање на сопругот и сопругата е поврзано со зголемен ризик од рана смрт. Во ситуација каде што едниот од партнерите настојува да го потиснува гневот, додека другиот отворено кажува сè, ризикот се зголемува речиси двојно. Најдобриот начин да се справите со расправиите е преку дијалог каде што партнерите ги кажуваат нивните болки и сомнежи.

Тишината никогаш не помага во решавањето на проблемот

Зошто всушност е толку важно сличното искажување на емоциите? Партнерите кои реагираат различно на конфликт обично не се задоволни со начинот на кој завршила расправијата. На пример, сопругот може јасно да го искаже својот гнев, додека сопругата молчи и се обидува да го спречи конфликтот, одбивајќи да ги искаже своите чувства.

Ова може да предизвика постојан стрес, зголемена напнатост во семејниот живот и негативно влијание врз здравјето на сопружникот. Покрај тоа, сè што било потиснувано, кога-тогаш ќе излезе на површина, и целата шема само ќе се повторува.

Отворањето не е единствениот начин да му кажете на партнерот дека ве повредил

Паровите кои реагираат слично во конфликти имаат помалку расправии, а според ова, имаат и подобро здравје. Тие заедно го наоѓаат вистинскиот излез на нивните емоции и се согласуваат на нешто што е добро и за двајцата.

Па, следниот пат кога ќе настане конфликт помеѓу вас и вашиот партнер, обрнете внимание на вашите стилови на расправање. Доколку вашата реакција е различна и не сте задоволни од исходот, можеби е време да дискутирате за ова. Најверојатно, тоа ќе ви помогне подобро да се согласувате во иднина.

Погледнете и како да се справите со силните расправии пред да излезат од контрола.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар