Според научник од Оксфорд, одењето на училиште и работа пред 10 часот е слично на мачење
Научникот доктор Пол Кели од Универзитетот Оксфорд, неодамна изјавил нешто што веројатно има влијание врз речиси секој. Тој ги истражувал облиците на мачење во денешното, модерно време и открил дека одењето на училиште и на работа пред 10 часот наутро е најчестиот вид мачење од сите.
Доктор Кели изјавил дека секој од нас има свој „телесен часовник“, познат како циркадиски ритам. Овој телесен часовник е однапред програмиран, така што не може да се промени. Па присилувањето секое утро да се будиме навистина рано за да стигнеме некаде, многу порано пред нашите органи и мозок да бидат подготвени, значи дека се бориме против нашиот внатрешен часовник. Ова, се разбира, има негативни последици врз нашето здравје.
Доктор Кели верува дека недостатокот од сон е интернационален проблем и дека може да биде опасен по нашето здравје. На пример, започнувањето на часовите или работното време пред 10 часот наутро, може да предизвика лишување од сон и емоционален и физички стрес.
Научникот ја тестирал неговата теорија во едно училиште во Велика Британија, кое го поместило почетокот на часовите од 8 и 30, во 10 часот наутро. Тој дошол до заклучок дека по некое време се поправа недостатокот од сон и генералната продуктивност на учениците. Се забележало и подобрување на нивните оценки.
Зошто тогаш продолжуваме да се мачиме?
8-часовното работно време е смислено на почетокот на 20-тиот век, со цел максимално да се искористи продуктивноста на работниците. Но тогаш не бил земен предвид телесниот часовник кој треба да биде усогласен со сончевата светлина, а не со шефовите на работа.
За жал, сè уште се наоѓаме во стариот систем и не размислуваме за тоа што му е потребно на нашето тело. Кога секој би го слушал своето тело и би се будел природно, тогаш неговото работење ќе биде попродуктивно и ќе се чувствува посреќно.
Наводно, утрото треба да го искористиме за себе и за нашиот личен развој. Треба да медитираме, вежбаме, планираме, читаме и да си подготвиме здрав појадок, а не бесмислено да брзаме да стигнеме на училиште или на работа. Овие обврски би требало да започнуваат во 10 часот и да траат до 14 часот попладне.
Кое е вашето мислење за ова? Дали би било подобро работниот ден да ви започнува малку подоцна и да ви трае пократко?
Знаете ли зошто вашиот работен ден треба да биде пократок?
одлична идеја 👍