Според мажите, најсекси квалитет кај жените е…
Во едно истражување кое било спроведено од страна на магазините „Men’s Health“ и „Woman’s Health“ се открило нешто многу интересно за сексуалноста. Според добиените резултати, мажите сметаат дека најсекси квалитет кај жената е нејзиното тело, кое било значително пред насмевката, очите, карактерот, интелигенцијата и чувството за авантура. Но, она што е уште поинтересно е што само 12% од жените сметаат дека нивното тело е навистина посакувано.
Навистина е жалосно што жените имаат олку ниско мислење за своето тело, кога реалноста е сосема поинаква. И не само тоа, лошата слика за себе може многу да влијае врз сите области од животот, вклучувајќи ја и самодовербата во кариерата, изборот на гардероба, па дури и романтичните врски. Всушност, една студија која била објавена во „Журналот за сексуална медицина“ ни открива дека жените кои имаат негативна слика за своето тело имаат помало сексуално задоволство, најверојатно затоа што избегнуваат сексуални односи.
Вие навистина мора да почнете да ги отфрлате негативните мисли за вашата градба. Според Анели Руфус, авторот на книгата „Unworthy: How to Stop Hating Yourself“, вие мора чекор по чекор, полека, да ги намалувате негативните мисли кои сѐ повеќе ја влошуваат вашата слика за вашиот изглед. За да можете да го постигнете ова, прво мора да научите како да ги препознавате овие негативни мисли и коментари за вашето тело кои не се базирани на реалноста. Според Руфус, многу е важно да научите како да се браните себеси и како да ги препознаете и нагласите вашите квалитети. На пример, наредниот пат кога ќе си кажете „Леле колку не ми се допаѓаат моите раце,“ додадете и позитивен коментар како, „Но, затоа моите гради се одлични!“
Со малку вежбање, вие ќе успеете да ја смените вашата слика за себе. Не е лесно, точно. Но, дефинитивно вреди да се проба.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.