Според истражувањата, жените ги преферираат оние мажи кои ја јадат оваа храна

Според истражувањата, жените ги преферираат оние мажи кои ја јадат оваа храна

Оној кој кажал дека не треба да се јаде лук пред љубовен состанок бил во голема заблуда. Да, вие можеби ќе имате непријатен здив, но изгледа тоа воопшто не е лошо. Според една неодамнешна студија, постои директна поврзаност помеѓу она кое мажите го јадат и нивната привлечност во очите на другите. И изгледа жените сакаат лук… Колку повеќе, толку подобро.

Според истражувањата, жените ги преферираат оние мажи кои ја јадат оваа храна

Во оваа студија учествувале 42 мажи, поделени на 3 групи, кои јаделе лук во различни количини: 2 глави лук со леб и сирење, 4 глави лук со леб и сирење и 4 глави лук во форма на капсули. Учесниците требало да носат и облоги ширум целото тело во следните 12 часа за добро да ги испотат. Потоа, во вториот дел од истражувањето, овие облоги им биле дадени на 82 жени кои требало да ги помирисаат и да ја оценат миризбата врз основа на нејзината атрактивност, интензитет и пријатност.

Изненадувачки, но жените дале највисоки оцени за оние кои ги носеле мажи кои изеле 4 глави лук. Зошто? Истражувачите сметаат дека здравствените придобивки од јадењето лук се забележуваат во миризбата на телото. Феромоните од машкото тело се знак за добро здравје и токму затоа предизвикуваат несвесно позитивна реакција од спротивниот пол.

„Здравствените придобивки од јадењето лук вклучуваат антиоксиданси, имуностимулации, кардиоваскуларни подобрувања, како и спречување на рак. Од еволуциона гледна точка, има големи шанси сексуалниот избор да е под влијание на диетата, па токму затоа и веруваме дека преференцијата за одредена човечка миризба може да влијае врз изборот на партнер“, вели Крег Робертс, еден од авторите на студијата.

Па, слободно јадете повеќе лук. На тој начин ќе ги бркате вампирите, но ќе ги привлекувате жените!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар