Според истражувањата овие луѓе живеат најдолго: Дали и вие сте едни од нив?
Научниците ги анализирале податоците кои биле собрани со едно шкотско психолошко истражување од 1932 година, каде што во истиот ден скоро секое 11-годишно дете во земјата решавало тест за интелигенција, а потоа бил следен нивниот животен век.
Неодамнешното британско истражување покажало дека луѓето со поголем коефициент на интелигенција живеат најдолго. Тие ги анализирале податоците од ова шкотско психолошко истражување кое било започнато пред многу години и откриле дека интелигентните деца живееле подолго, иако биле исклучени фактите како економскиот статус и кариерата.
„Откривме дека интелигенцијата на испитаниците кои починале пред 1 јануари 1997 година била значително пониска кога тие имале 11 години во однос на оние кои тогаш биле живи“, велат истражувачите.
Податоците кои биле собрани и анализирани ни покажуваат дека децата кои имале IQ од 115 имале и 20% поголема шанса да го доживеат својот 76-ти роденден за разлика од оние кои имале IQ од 100, што се смета за просек. Научниците не се сигурни која е причината за оваа поврзаност, но имаат неколку теории.
Според првата теорија, поинтелигентните личности го врзуваат својот појас во автомобилот, одбираат поздрава храна, избегнуваат да пушат и поредовно вежбаат. Со други зборови, тие се помудри при избегнување на оние нешта кои би можеле да ги убијат. Според другата хипотеза, повисокиот IQ е знак за посилна телесна конституција, односно организам и тело кои ќе траат. Според научниците, станува збор за знак, а не за причина. Третата теорија е дека постои генетска врска помеѓу повисоката интелигенција и долговечноста.
Сепак станува збор за замаглено поле од науката, особено затоа што подобриот резултат на тестот за интелигенција не секогаш е одраз на самата интелигенција која може да зависи и од социјалната класа, образовните стандарди и другите културни разлики. Но, тоа не го побива фактот дека постои поврзаност помеѓу интелигенцијата и должината на животот, само прашање на време е да се открие зошто.