Според истражувањата, мажите со брада имаат тенденција да лажат, мамат и крадат
Оваа студија била спроведена во Велика Британија, со цел да се открие што имаат луѓето да кажат за мажите со брада. Резултатите ни носат лоши вести за оние момци кои посветиле месеци при растењето на нивната брада со надеж дека ќе привлечат жени, ќе имаат поактивен сексуален живот и генерално ќе изгледаат подобро. Овие резултати се исто така лоши и за девојките кои биле во врска со нив.
Според одговорите, 47% од мажите со брада признале дека ги мамеле своите девојки, во однос на 20% од оние кои редовно се бричеле. 45% од мажите со брада признале дека уживаат да се вклучуваат во тепачки, а само 29% од оние без брада се препуштале на ова однесување. 40% од мажите со брада признале дека имаат украдено нешто во своето минато, во споредба со 17% од мажите кои редовно се бричат.
Но, она што е уште поинтересно доаѓа од резултатите каде што жените биле прашувани за атрактивноста на мажите со брада. Скоро 65% од нив велат дека преферираат нивните партнери редовно да се бричат. Всушност повеќе од 35% од жените повеќе би сакале мажи со обелена коса отколку со брада.
Дали ова значи дека започнува трендот „бебешко лице“ за мажите?