Според една студија на Харвард, силата на бракот зависи од работниот статус на сопругот

Според една студија на Харвард, силата на бракот зависи од работниот статус на сопругот

Во последниве неколку години глобалната стапка на разводи е зголемена за 251,8%. На пример, просечна жена од Малдиви – земјата со најголема стапка на разводи – минува низ 3 разводи пред да наполни 30 години. Статистиката е запрепастувачка, а „виновникот“ се труди да го идентификува едно истражување од Харвард.

Според една студија на Харвард, силата на бракот зависи од работниот статус на сопругот

Истражувачите проучувале опсег на информации кој опфаќа 45 години и еве што откриле:

Истражувањето е спроведено од еден професор на Харвард, со користење на податоци од над 6.300 парови кои датираат уште од 1970-тите години, па наваму. По анализата на податоците, откриено е дека иако паровите се расправаат и се разведуваат поради повеќе причини, стапката на веројатност да се разведат се зголемува за 30% кога мажот е невработен.

Мажите кои работат со скратено работно време или воопшто немаат работа, исто така, најверојатно ќе се разведат

И, тука не завршува сè. Домаќинствата во кои мажите работат со скратено работно време, има ризик да се распаднат, исто така. Елаборирајќи понатаму, студијата додава дека дури и кога мажите работат нископлатени работни места или остануваат невработени против нивна волја и тоа доведува до тензија во нивните бракови.

Од друга страна, невработеноста на жените не доведува до развод

Повеќето жени денес се зафатени со совршено балансирање меѓу работата и домашните обврски, но според истражувањето, работниот статус на жената нема никаков ефект врз веројатноста за развод. Податоците собрани од паровите не покажале позитивен или негативен ефект на финансискиот статус на жената врз разводот.

Истражувањето, сепак, изостава многу други фактори

Нема сомнеж дека секој пар е различен и наодите од истражувањето може да не важат за сите. Покрај тоа, треба да се забележи дека студијата ги немала предвид истополовите парови или мажи кои своеволно одбрале да се грижат за своите семејства додека нивните сопруги работат. Во него се спомнува дека зголемената економска независност на жените може да биде причина за развод, но сè уште не постои валиден доказ за да се поддржи ова тврдење.

Работата е исто толку важна и за самците кои се обидуваат да најдат партнер

Според истражувањето, да се биде финансиски независен се смета за привлечно, додека лицата со многу долгови се сметаат за помалку пожелни. На мажите и на жените им биле презентирани портрети од луѓе од спротивен пол и биле замолувани да ги оценат. Потоа, им бил откриен нивниот работен статус и било забележано дека оценките биле пониски и за двата пола кои не биле финансиски стабилни. Сепак, промената била помала кај жените. За мажите, од друга страна, оценките драстично се намалиле. 75% од жените откриле дека нема да се омажат за маж кој се „дави“ во долгови.

Можеби сакате да дознаете и дека луѓето повеќе ги бакнуваат своите кучиња отколку партнерите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар